Школа за убавина Арт

Школа за убавина Арт,
Прва и единствена школа за козметичари во Македонија – реализирана идеја која како и секоја – расте, се менува и се подобрува според сите предизвици и сите новитети.

Школа која веќе 5 години напорно работи да биде најдобра во својата област, да го понуди најдоброто на сите оние кои се одлучуваат да бидат дел од неа.

Започнувајќи од својот менаџмент, едукатори, административен дел – сите се насочени кон една цел – да бидат најдобри и несебично да помогнат на секој оној кој сака да го искористи својот потенцијал во една од најдинамичните професии. Професии кои бараат стручност, знаење, однос со клиенти, одговорност и носат сигурна заработувачка.

Тимот на Школа за убавина Арт е исто така заслужен за продуктивна работа на еден од најелитните СПА салони за убавина во центарот на Скопје и Првиот Саем за козметика, коса и естетика во Македонија и токму тоа знаење и искуство е она што несебично се споделува.

Со достапни над 20 обуки и обучени над 8.000 курсисти, Школа за убавина Арт е место кое ќе Ви помогне да стекнете знаење и истото правилно да го употребите за Ваш професионален успех и остварување на Вашите професионални соништа.

Нашето досегашно искуство и цело знаење, несебично го споделуваме за да успеваме заедно.

Бидете и Вие дел од најдобрите!