Alfaparf Milano Professional

⭐Алфапарф Милано Професионал е италијански водечки бренд за професионална нега на коса. Компанија со прекрасна приказна од над 40 години иновации, квалитет, луксуз, убавина….

⭐Сплотеност на професионално искуство, италијански луксуз и универзална убавина.
Интернационална компанија – Уште од самите почетоци се развиваме почитувајќи ги вредностите на разликите. Растеме во склад со желбите на клиентите од целиот свет и целиме кон поддршка и обезбедување на производи за секого и асортиман на производи со кои ќе се задоволат сите индивидуални желби и потреби.

⭐Здружени со професионалците – Во консултација со професионалните стилисти креираме и развиваме ефикасни производи и услуги, со цел да го поедноставиме работењето, да ја истакнеме креативноста во работата и да ги зголемиме задоволството и уживањето.

⭐Со тоа ја постигнуваме нашата заедничка цел – максимална убавина и задоволство за клиентот.
Италијанска динамика – Креативност и практичност, урбан изглед, ентузијазам и професионалност.

⭐Иновативност – Иновацијата е начин за промени во животот на луѓето . За нас е клуч за да се понуди производ кој ќе овозможи олеснување на работата и подобра можност за изразување на стилистот, можност за исполнување на желбите и потребите на клиентот, како алатка за истакнување на нивната личност и стил.

⭐Квалитет – Врвни производи направени од најдобрите состојки кои придонесуваат за комплетна нега и одржување на здравјето на косата, со што како краен резултат добиваме здрава, цврста и сјајна коса.

Клариса Балкан

Клариса Балкан Логистик е преставништво во Македонија и е достоен следбеник на врвната компанија и бренд Clarissa Professional. Работи според високите стандарди на брендот, а мотото “УБАВИНА ЗА СИТЕ” со гордост и задоволство го спроведува кон сите клиенти. Секогаш подготвена Клариса Балкан Логистик ги исполнува барањата и потребите на секој клиент оставајќи зад себе добра соработка, блискост и доверба.

Покрај ефективната дистрибуција на производите кои ги нуди за продажба, врши и постојана логистика директно со секој клиент, дава поддршка и ги решава моменталните ситуации директно на терен. За постигнување на сето ова работи тим кој е темелно обучен за презентација и дистрибуција на производите кој е секогаш достапен за клиентите и расположен за одлична соработка. Во склопот на Клариса Балкан Логистик работи и академијата Клариса Академи каде се одржуваат обуки под менторство на мастер едукатори кои имаат долгогодишно искуство и темелна обука директно од Италија. Академијата ги врши сите обуки за производите кои ги продава а во нив спаѓаат: обука за маникир, обука за екстензија на трепки, обука за ламинација на трепки и веѓи, обуки за боење на трепки и веѓи, обука за PMU и microblade и обука за депилација.

Покрај производите од брендот Clarissa, Клариса Балкан Логистик ги нуди и дистрибуира производите за депилација од италјанскиот бренд Holiday Depilatori, бренд кој со своето име и квалитет веќе неколку години се истакнува кај нас како и познатиот француски бренд Babyliss Pro.

Со веќе стекнатото искуство за работа и соработка во оваа дејност Клариса Балкан Логистик се стреми кон напредување одржувајќи чекор со секој тренд и иновација со желба и надеж да ги исполни барањата на сите оние кои бараат квалитет и професионалност.

Клариса Балкан Логистик е позната на нашиот пазар по тоа што нуди производи од италјански брендови за професионална работа во салоните за убавина, а со посебен акцент се издвојуваат производите за маникир од брендот Clarissa Professional, брендот за фризерај Babyliss Pro и производите за депилација од брендот Holiday Depilatori.

Beauty Med Consult

Beauty Med Consult е трговско-консултантска компанија која дистрибуира светски лидери во производството на опрема и производи за инјектирање за естетска медицина, дерматологија, хирургија и гинекологија. Партнерите на компанијата добиваат целосна поддршка за нивниот бизнис и компетентни совети за развој и одржливост на бизнисот.

синоним за квалитет

LPD PROFESSIONAL

@lpd_professional

Македонски бренд со врвен квалитет и широка палета на производи за домашна и професионална употреба.
Чисто природни производи за нега на кожа и депилација , Најмоќна формула во nail индустријата на базни и билдер гелови: најцврсти, отпорни на удар, неверојатно издржливи и трајни.
Со LPD производите ќе додадете квалитет на вашата работа, и ќе уживајте во позитивните коментари.

Indola Professional

Indola Professional е ексклузивен бренд за продукти за коса, кој нуди иновативни, но практични решенија за фризерите.

Доследен кон последните трендови, во својот асортиман опфаќа производи кои ветуваат високи перформанси, кои им овозможуваат на фризерите завршување на повеќе услуги, со користење на помалку производи.

Како инспирација од реалниот живот и луѓе, производите на Indola Professional се приспособени исклучиво кон потребите на фризерите со главен фокус на креативноста.

Со 90 години искуство и присуство во повеќе од 75 земји, Indola Professional е одговорен за секојдневната инспирација и креативност на фризерите кои оставаат зад себе лојални и задоволни клиенти.

It’s a 10

It’s a 10 е бренд за нега на коса, кој е основан од стилистката и СЕО Каролин Аронсон и претставува водечки бренд за нега на коса во САД. Приказната за започнување на брендот е започната од идејата дека секој заслужува да има здрава и негувана коса. Со повеќе од 20 години искуство, It’s a 10 станува неизоставен дел од фризерските салони, со лојални и задоволни клиенти насекаде низ светот.

Револутивниот пристап за нега на коса е инспириран од идејата за создавање на еден компактен продукт, со 10 придобивки за косата и неограничен број на можности за користење.

It’s a 10, го бележи својот најголем успех со водечкиот 10-IN-1 MIRACLE LEAVE-IN спреј за коса, од кој во САД се продаваат повеќе од 17 милиони шишенца секоја година.

REVUAR MAKE UP PROFESSIONAL

⭐REVUAR MAKE UP PROFESSIONAL ( @revuarmakeup) е македонски бренд основан 2017год.од Спасиќ-Груп Куманово.

⭐Спасиќ-Груп Дооел е основана 2011година,како фирма за увозник и дистрибутер за следниве брендови:
✔️REVUAR MAKE UP
✔️SANTINI Parfumes

⭐Во 2017год го регестрира македонскиот бренд REVUAR MAKE UP PROFESSIONAL.

⭐Во широкиот асортиман на производи се застапени производи за декоративна козметика и
гел лакови,билдер гелови,акрилни гелови,лампи,турпии и се она што е потребно за изработка на нокти.
Палетата на производи постојано се збогатува,со што REVUAR MAKE UP PROFESSIONAL е еден од водечките
брендови за изработка на нокти во Македонија,а од скоро и во Србија.

⭐REVUAR MAKE UP PROFESSIONAL во својата палета нуди производи за домашна и професионална употреба:
✔️декоративна козметика
✔️Гел лакови,прајмери,бази,завршни слоеви
✔️Билдер гелови
✔️Акрилни гелови
✔️Масла за нокти и кутикули
✔️турпии
✔️Лед лампи
✔️Електрични турпии др.

Victoria Vynn

⭐Victoria Vynn ( @victoriavynn.skopje) американски бренд кој нуди голема палета на производи за маникир и педикир.

⭐Висок квалитет и долготрајност на ноктите.

⭐Овој бренд нуди и широка палета на производи за нега на стапала и педикир.

ПРОМЕДИКА МЕДИКАЛ Центар

⭐ПРОМЕДИКА МЕДИКАЛ Центар

Современ медицински центар кој нуди бројни услуги во различни специјалности:
– ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА И ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА
– ГИНЕКОЛОГИЈА
– ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА
– ИНТЕРНА МЕДИЦИНА
– ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА
– ПУЛМОАЛЕРГОЛОГИЈА
– ЦЕНТАР ЗА РАНИ
🔹
⭐Како ексклузивни застапници горди сме што може да ги понудиме:
– Dr.GRANDEL, реномирана Германска козметика базирана на научни методи и професионален пристап.
– DERMACOL, оргинален Чешки бранд кој ја негува убавината повеќе од еден век… синоним за совршена шминка за кожа.
▫️
⭐Центарот за убавина ПРОМЕДИКА ЕСТЕТИК е сместен во модерно опремен простор кој располага со современа опрема во областа на естетиката и козметологијата. Дозволете му на нашиот професионален тим да се грижи за вашиот изглед и да ја негува вашата убавина… направете го вашиот избор за третман за лице и тело, маникир и педикир, третмани за сабеење, коса и други услуги кои се достпани во центарот за убавина ПРОМЕДИКА ЕСТЕТИК.

Школа за убавина Арт

Прва и единствена школа за козметичари во Македонија – реализирана идеја која и како секоја – расте, се менува и се подобрува според сите предизвици и сите новини.

Школа која веќе 5 години напорно работи да биде најдобра во својата област, да го понуди најдоброто на сите оние кои се одлучуваат да бидат дел од неа.

Започнувајќи од својот менаџмент, едукатори, административен дел – сите се насочени кон една цел – да бидат најдобри и несебично да помогнат на секој оној кој сака да го искористи својот потенцијал во една од најдинамичните професии. Професии кои бараат стручност, знаење, однос со клиенти, одговорност и носат сигурна заработувачка.

Тимот на Школа за убавина Арт е исто така заслужен за продуктивна работа на еден од најелитните СПА салони за убавина во центарот на Скопје и Првиот Саем за козметика, коса и естетика во Македонија и токму тоа знаење и искуство е она што несебично се споделува.

Со достапни над 20 обуки и обучени над 8.000 курсисти, Школа за убавина Арт е место кое ќе Ви помогне да стекнете знаење и истото правилно да го употребите за Ваш професионален успех и остварување на Вашите професионални соништа.

Нашето досегашно искуство и цело знаење, несебично го споделуваме за да успеваме заедно.

Бидете и Вие дел од најдобрите!

Art & Beauty

Art & Beauty e првата beauty заедница во Македонија преку чија платформа можете да ги дознаете сите новитети, информации и случувања во beauty индустријата.

Единствена онлајн заедница која споделува новитети и трендови, набавка на најнови и најдобри производи за работа, нуди помош за вработување, онлајн едукации и помош за секој кој работи во областа на козметиката и естетиката.
Онлајн простор со најдобри совети и понуди за секоја девојка и жена која сака соодветно да ја негува својата убавина.

Art & Beauty е вашата сигурна и секогаш достапна дестинација за се она што Ви е потребно за успешна работа, квалитетно знаење и добра зделка.

HOLIDAY DEPILATORI

Holiday Depilatori е италијанска компанија која постои уште од 1975 година, семеен бизнис со богата историја и веќе речиси 50 години активно работи во секторот за убавина. Динамична компанија која секогаш е подготвена да прифати нови предизвици и која верува дека високиот квалитет и знаење носат успех. Од обичен центар за убавина прераснува во индустриска реалност со високи технолошки стандарди и евоулира како лидер во Италија и пошироко. Секогаш со иновативен дух сериозно работи за задоволување на променливите потреби на потрошувачите со цел да биде секогаш во тек со развојот на пазарот. Holiday Depilatori скоро половина век е во постојана потрага по новитети така што преку експерименти и истражувања во своите врвни лаборатории создаваат производи за депилација со висок квалитет кои покрај својата моќ на дејствување содржат специфична формула која е нежна за кожата. Производите за депилација се создадени од природни состојки базирани на смоли и благотворни есенцијални концентрати кои се собрани директно од природата, конкретно од плантажите на Holiday Depilatori. Континуираното истражување и развојот на нови производи, нови технологии и се поголемото ниво на квалитет се доказ дека Holiday Depilatori не застанува, туку постојано чекори напред.

Inebrya

Самото име Inebrya потекнува од глаголот „inebriare“, што значи воодушевување, восхитување, енергичност. Инспирацијата ја раѓа филозофијата на брендот, создаден во Италија во 1999 година, со цел да ги задоволи потребите на професионалците за нега на коса ширум светот.

Alter Ego

Самото име Inebrya потекнува од глаголот „inebriare“, што значи воодушевување, восхитување, енергичност. Инспирацијата ја раѓа филозофијата на брендот, создаден во Италија во 1999 година, со цел да ги задоволи потребите на професионалците за нега на коса ширум светот.

ИПСУМ

⭐ИПСУМ- фирма дистрибутер на медицински препарати како филери, ботокс, хемиски пилинзи и медицинска козметкика како и опрема за ординации и салони и потрошен материјал.
▫️
⭐ИПСУМ на конгресот ќе се претстави со следните брендови:

✅Генео Х- апарат од компанијата ✅Lumenis- ревулуционерен систем за третмани на лице, кој ги активира природните процеси на разубавување на кожата. Базирани на најприродниот и најсуштински елемент – Кислород.
▫️
✅Mesoestetic- водечки бренд во естетската медицина,козметологија и дерматологија кој нуди голем број на решенија и производи за различни естетско-дерматолошки и козметолошки проблеми( хемиски пилинзи, протоколи,професионални продукти за третмани производи за домашна нега).

ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК

ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК е компанија за производство и трговија со козметички производи основана 01.12.2020 година. Основана е како резултат на неколкугодишна работа на фармацевт во изнаоѓање решенија за бројни дерматолошки патологии согласно светски препораки и докази за ефикасноста на состојките. По голем број обиди и формулации како и докази кај пациентите, производите почнаа да се изработуваат и магистрално, за брзо потоа со цел да бидат достапни до поголем број пациенти почнат да се изработуваат комерцијално во производствената компанија Бионика Фармацеутикалс.

Мисија

Мисијата на ИНСТИТУТ КОЗМЕТИК е да развие препознатлив домашен бренд кој дава ефикасни решенија за низа дерматолошки патологии. Да пласира иновативни, безбедни, едноставни формулации со состојки со клинички докажано дејство. Да ја потврди ефикасноста на дејството кај пациентите и гради доверба на безбедно решение за нивните потреби.

Визија

Визија на компанијата е брендот да прерасне во синоним за квалитет во нега и заштита на бројни дерматолошки проблеми во и вон рамките на својата држава.

Elloxy

Elloxy е водечка компанија во Македонија, увозник и дистрибутер на најпознатите брендови за традиционална корејска козметика, со сопствена онлаjн продавница. Компанијата постои од 2021 година и во моментот во својот асортиман нуди над 30 популарни брендови на корејска козметика за нега на лице, тело и коса, со повеќе од 600 производи. Елокси е ексклузивен дистрибутер за територијата на Македонија и носител на трговска марка ТМ за брендовите: Eyenlip, Fabyou и Sumhair. Освен продажба, функционираме и како платформа за нега на кожа со индивидуализиран пристап во комбинирање на производите, за секој клиент при различни проблематики и состојби на кожата и редовно следење на состојбата на кожата, од страна на магистер по фармација и соработник гинеколог акушер при толкување на резултати од хормонски испитувања. Нашиот тим е на располагање за секој наш клиент, во секое време, за консултации, совети и избор на соодветни производи. Го поседуваме потребното образование, искуство, знаење и квалитетни производи, се што е неопходно за да имате блескава кожа. Секоjа кожа е уникатна и jа заслужува наjдобрата нега за беспрекорна природна убавина.

GLOW UP TODAY!

Природната убавина е престиж за азиските жени. Тајната на ефикасноста на корејските производи за убавина е во моќта на нивниот состав. Многу состојки се типични за ориенталната култура, кои тешко се наоѓаат во западните производи и се познати за корејците илјадници години. Азиските компании отсекогаш биле посветени на создавање врвна козметика за борба против каква било несовршеност на кожата. Корејската козметика е резултат на иновативни технологии кои се малку познати или користени на Запад и кои секојдневно се унапредуваат со голема брзина.

Бини Профессионал

⭐Бини Профессионал е компанија која оперира во Албанија, Косово и Северна Македонија! Во Северна Македонија, првичната филиала беше отворена главно во Тетово од 2019 година, а подоцна и во Скопје во 2023 година. Со внимание на производите кои ги нудиме, ние обезбедуваме професионални производи за бербери и фризери!
▫️
⭐”Откријте ја совршеноста во негата на косата со Nishman и Nishlady! Нашата линија на козметички производи е специјално дизајнирана за да одговори на сите потреби за вашата коса. Со Nishman, мажите ќе добијат сила и стил, додека Nishlady носи елеганција и мекост за секоја жена. Зајакнете го вашето самодоверба со здрава, блескава коса – изберете Nishman и Nishlady за уникатна убавина и квалитет!”
▫️
⭐Бини Профессионал е главен дистрибутер на well-known brands: JRL USA, NISHMAN, NISHLADY, MORFOSE, ALIX AVIEN PARIS, BINI BEAUTY,итн…

Luxe

⭐Luxe брендот (@luxelashes.macedonia) е најпопуларниот бренд во Македонија, претставуван од сертифициран едукатор, Тамара Јованоска.
🔹
⭐Во овој бренд акцентот е ставен на внимателно избрани материјали, изработени од сертифицирани органски материјали и за прв пат на едно место lash-артистите ќе може да најдат материјали со врвен квалитет и олеснување при нивната изработката.
🔹
⭐Фактор кој влијае за добра изработка е квалитетот на материјалите кои се користат, а Luxe покрај квалитетот ви нуди и целосен асортиман на сите алатки и додатоци за професионална изработка.
🔹
⭐Доколку ги користите Luxe материјалите со врвен квалитет ќе имате можност да го воодушевите секој ваш клиент.

Кејра

⭐Кејра е Шпански Бренд -професионална козметика за коса,со производство во Барселона.

⭐Производите се базирани врз основа на цинк,амино киселини,хиелуронска киселина,арган,Камелија,екстракти од дијаманти.
Како главна компонента се јавува хидролизиран кератин,дури и фарбите и хидрогените се со поддршка на истиот.

⭐Наша цел:бараме континуирано подобрување во козметичката формулација.Максимален квалитет обновување и прилагодување на потребите на пазарот.Нашиот успех е максималниот квалитет на нашите производи.

Yeppeuda

⭐Yeppeuda (Јепуда ) приказната започнува да се испишува во Јануари 2020 година како спој на љубовта кон козметиката и љубовта кон културните разлики и практики! Yeppeuda e израз на се она што сакаме жената да постигне кај себе – нега, љубов и почит како на внатрешното така и на надворешното!
▫️
⭐Самиот збор Yeppeuda во превод од корејски јазик значи “прекрасна” со што сакаме да ја потенцираме убавината во секоја смисла на зборот – но пред се онаа која најчесто забораваме да ја видиме во огледало – убавината во нас самите!
▫️
⭐Застапници на сертифицирани, безбедни и светски познати брендови со огромен избор на производи, со чисти и делотворни состојки, за совршено чиста и здрава кожа!

Mesoestetic

Mesoestetic- водечки бренд во естетската медицина,козметологија и дерматологија кој нуди голем број на решенија и производи за различни естетско-дерматолошки и козметолошки проблеми( хемиски пилинзи, протоколи,професионални продукти за третмани производи за домашна нега).

СИЛК СОЛУШН

СИЛК СОЛУШН ДООЕЛ Скопје е генерален застапник и овластена компанија за дистрибуција и продажба на професионална козметика за коса од италијанските брендови Inebrya и AlterEgo, како и опрема за фризерски салони во Македонија.

Од самиот почеток и нејзиното основање во 2011 година, се стреми кон една и единствена цел – задоволен клиент.

На самите почетоци, соработката ја започнавуваат со професионалниот италијански бренд за козметика за коса Inebrya. Самото име Inebrya потекнува од глаголот „inebriare“, што значи воодушевување, восхитување, енергичност. Инспирацијата ја раѓа филозофијата на брендот, создаден во Италија во 1999 година, со цел да ги задоволи потребите на професионалците за нега на коса ширум светот.

Подоцна асортиманот го прошируваат со уште еден добро познат италијански бренд за професионална козметика за коса Alter Ego Italy.

Филозофијата на Alter Ego е две души, една страст која резултира со убавина.

Историјата на Alter Ego е приказна за едно семејство, за страст и за целосно италијанска мисија, создадена од љубов кон детали, важни суровини и високи стандарди за квалитет од 1988 година. Alter Ego е бренд кој отсекогаш се идентификува со современа жена, која сака да биде убава и софистицирана, но истовремено сака да ја изрази и својата индивидуалност.

V&G Beauty Center & Academy

СИЛК СОЛУШН ДООЕЛ Скопје е генерален застапник и овластена компанија за дистрибуција и продажба на професионална козметика за коса од италијанските брендови Inebrya и AlterEgo, како и опрема за фризерски салони во Македонија.

Од самиот почеток и нејзиното основање во 2011 година, се стреми кон една и единствена цел – задоволен клиент.

На самите почетоци, соработката ја започнавуваат со професионалниот италијански бренд за козметика за коса Inebrya. Самото име Inebrya потекнува од глаголот „inebriare“, што значи воодушевување, восхитување, енергичност. Инспирацијата ја раѓа филозофијата на брендот, создаден во Италија во 1999 година, со цел да ги задоволи потребите на професионалците за нега на коса ширум светот.

Подоцна асортиманот го прошируваат со уште еден добро познат италијански бренд за професионална козметика за коса Alter Ego Italy.

Филозофијата на Alter Ego е две души, една страст која резултира со убавина.

Историјата на Alter Ego е приказна за едно семејство, за страст и за целосно италијанска мисија, создадена од љубов кон детали, важни суровини и високи стандарди за квалитет од 1988 година. Alter Ego е бренд кој отсекогаш се идентификува со современа жена, која сака да биде убава и софистицирана, но истовремено сака да ја изрази и својата индивидуалност.

BABYLISS PRO

⭐Повеќе од 60 години Babyliss PRO произведува иновативни електрични производи за да ја инспирира креативноста на професионалните фризери, од сесија, до салон и пошироко.
▫️
⭐Алатките на Babyliss Poro ги користат професионални и многу познати стилисти кои го поттикнуваат развојот на нови дизајни и трендови.
▫️
⭐Компанијата која постои уште од 1960 година,ја доживува својата ренесансна преобразба во 1995 година, и лансирајќи се како водечки производител на висококвалитетни професионални апарати, станува еден од најпознатите брендови низ целиот свет.