Обука за бразилска мадеротерапија
Бразилската мадеротерапија стана апсолутен хит во светот и секој ден е се повеќе популарна.
Третманите даваат 6-7 пати побрзи резултати во споредба со класичната масажа. Овој третман се прави со специјално дизајнирани дрвени ѕвона и дава одлични и брзи резултати во обликување на телото, намалување на целулитот,значително намалување на масни наслаги на стомак и на грб и поткревање и обликување на задникот. На нашата обука ќе научите како со правилна работа и техника да ги постигнете токму резултатите по кои е позната оваа метода во целиот свет.
Програма на обуката
Обуката е составена од теоретски и практичен дел.
Теоретски дел
– Анатомија на телото
– Ергономија на телото
– Видови целулит и соодветна анализа на клиент
– Контраиндикации и справување со истите
– Правилно држење на телото на терапевтот
– Разлика меѓу бразилска и класична мадеротерапија
– Бразилска мадеротерапија во комбинација со други третмани
– Како да постигнете најдобри резултати
Практичен дел
– Работа на живи модели бразилска мадеротерапија
– Работа на живи модели лимфна дренажа со дрвени елементи
– Демонстрација на светски популарниот ANESI PROTOCOL за третирање на
целулит,намалување во обем и измазнување на кожата.
Времетраење
Обуката трае два дена(во просек 9-10 саати вкупно).Дневно се работи на по
два живи модели,кои се обезбедени од школата.
По завршување на обуката се здобивате со сертификат и комплет сет
оклагии за мадеротерапија,а едукаторката ви е достапна за понатамошни
консултации,помош и поддршка во понатамошната работа.














