Обука за мадеротерапија
Мадеротерапијата е апсолутен хит меѓу третманите за обликување на тело и третирање на целулитот.
На обуката за мадеротерапија ќе стекнеш вештини и техники за работа,кои ќе те издвојат од останатите и ќе ти помогнат да започнеш свој сопствен бизнис или да го унапредиш веќе постоечкиот,да стекнеш нови клиенти и значително да го зголемиш финансискиот приход.
Еден од најголемите проблеми на жените е постојаното стварање на целулит.Масните наслаги, кои најчесто се појавуваат на нозете и рацете, можат да бидат доста тешки за третирање. Во моментов една од најпопуларните неинвазивни методи за третирање на целулитот е мадеротерапијата, која дава резулати уште по првиот третман.
Овој третман со специфични дрвени елементи-оклагии, ги елиминира токсините кои се акумулираат во различни делови од телото, односно со активно масирање-третирање на тие делови се поттикнува микроциркулацијата и се елиминира задршката на вода и мастите.
Програма на обуката
Обуката е составена од теоретски и практичен дел.
Теоретски дел
– Анатомија на телото
– Се’ за мадеро елементите за работа
– Ергономија на телото
– Видови целулит и соодветна анализа на клиент
– Контраиндикации и справување со истите
– Правилно држење на телото на терапевтот
– Мадеротерапија во комбинација со други третмани
– Како да постигнете најдобри резултати
Практичен дел
– Работа на живи модели класична мадеротерапија
– Работа на живи модели МАДЕРО ФИТ и мадеро на стапала
– Демонстрација на комбинирани третмани со мадеротерапија
– бодиврапинг,користење дополнителни дрвени оклагии…
Времетраење
Обуката трае два дена(во просек 9-10 саати вкупно). Дневно се работи на по два живи модели,кои се обезбедени од школата.
По завршување на обуката се здобивате со сертификат и комплет сет оклагии за мадеротерапија, а едукаторката ви е достапна за понатамошни консултации, помош и поддршка во понатамошната работа.














