Обука за нокти

Дали сте подготвени да зачекорите во светот на убавината,да правите неверојатни трансформации и да креирате одлични дизајни на нокти?

Нашата обука за надградба на нокти со гел техника ви нуди можност за стекнување на одлични вештини и нови можности за кариера и финансиска стабилност.

Обуката за нокти е наменета за почетници и не е потребно да имате искуство од оваа област.

Обуката е интерактивна,составена од теоретски дел пропратен со практична настава и демонстрација.

За време на обуката постојано  работите на модели,под надзор на едукаторот,со цел успешно совладување на техниките,но и стекнување на рутина и брзина за работа.

Програмата на обуката постојано ја надградуваме,согласно сите трендови, новитети и побарувања.

Времетраење на обуката

Програма

  • Теоретски дел и запознавање со материјали и алати за работа
  • Хигиена и стерилизација на алати и простор за работа
  • Апаратен маникир и припрема на плочката со електрична турпија и додатоци специјализирани за таа намена
  • Гел лак техника на природна должина на нокти
  • Гел техника на природна должина на нокти
  • Правилна припрема на ноктна плочка и обработка на кутикули
  • Правилно налевање на шаблон со гел
  • Примена на различни гранулации на турпии
  • Техника за оформување на нокти
  • Техника за пинчување на нокти
  • Оформување на коцка,бадем и балерина форма
  • Правилно и прецизно нанесување на гел и гел лак во боја
  • Правилна изработка на француски маникир и перфектна “smile” линија
  • Постигнување на омбре ефект(прелевање од една во друга боја)
  • Нанесување на различни декорации
  • Цртање на тематски дизајни актуелни во моментот на одржување на обуката
  • Препознавање и третирање различни болести и состојби на ноктите.

Обуката за нокти трае 5 дена.Дневно се работи во просек по 4-6 часа ,односно онолку колку што ќе ви биде потребно да ја завршите предвидената програма за тој ден.За време на обуката постојано се работи на живи модели,кои се обезбедени од нашата школа.

 

По завршување на обуката се здобивате со сертификат,а нашата едукаторка ви е достапна за консултации,помош и поддршка во понатамошната работа.