Обука за педикир со гел лак и парафински третман
Педикирот е најефективниот начин да се истакне убавината на стапалата. Освен што ќе овозможи да се подобрите изгледот на ноктите и кожата, воедно ја подобрува циркулацијата во нозете и го спречува враснувањето на ноктите во кожата.
Оваа услуга е особено барана во салоните за убавина,особено во пролетниот и летниот период од годината. На нашата обука добивате 3 обуки во една-ќе научите професионална техника за правење на естетски педикир,средување на ноктите со гел лак и парафински третман на стапала.
Програма
– Теорија и запознавање со материјалите и алатите за работа
– Потопување и омекнување на стапалата со соодветни производи за професионална употреба
– Класичен педикир – Пилинг на стапала
– Правилна апликација на соодветна маска на стапала
– Средување на кутикули и нокти на стапала и прецизно нанесување на гел лак
– Масажа на стапала
– Што е парафин, за што се препорачува, негова намена во физиотерапија
– Парафински третман на стапала за омекнување и подобрување на циркулација по протоколите на Depileve.
Времетраење
Обуката трае еден ден(во просек 4-5 саати вкупно). Се работи практично на живи модели, кои се обезбедени од школата. По завршување на обуката се здобивате со сертификат, а едукаторката ви е достапна за понатамошни консултации,помош и поддршка во понатамошната работа.














