Обука за професионална масажа

Почетно ниво (ниво 1)

Оваа обука е наменета за сите кои сакаат да ја совладаат техниката на релакс масажа и да се потполно способни за работа во салони за масажа, со можност за понатамошно усовршување за велнес и спа центри (напредно ниво).

За да се изведе професионално една масажа,потребно е да ги познавате и научите основите на масажа :анатомија и физиологија на телото и движења за релакс масажа.

Релакс масажата служи за максимално опуштање, притисокот на телото е благ, опушта и не служи за ублажување на хронична болка.

Движењата при изведување на релакс масажа се спори,нежни,со умерен до благ притисок, за да се постигне потполно опуштање на личноста која се масира. За време на масажата се препорачува да се користат посебни етерични масла за масажа,кои делуваат смирувачки на нервниот систем, со што значајно се намалува напнатоста и стресот.

Програма

Обуката е составена од теоретски и практичен дел.

За време на практичниот дел на секој час,курсистите работат на живи модели обезбедени од школата.

Се изучува:

– релакс масажа на цело тело

– релакс масажа на глава

– антистрес масажа на цело тело

– антистрес масажа на глава

Времетраење на обуката: 4 дена.

По завршување на обуката,се стекнувате со сертификат за завршена обука за професионална масажа-почетно ниво од Школа за убавина Арт. Добивате скрипта и постојана поддршка и комуникација со едукаторот.

Добивате скрипта и постојана поддршка и комуникација со едукаторот.