Обука за професионална шминка
Нашата обука ке ве научи на клучните теорерски и практични вештини за работа како професионален шминкер за сите поводи,вклучувајќи дневна и вечерна шминка, невестинска шминка,актуелни техники како “smokey eyes”, ”cut crease”, ”reverse eye””, како и правила и трикови во шминката за во модната и телевизиска индустрија.
На нашата обука ќе стекнете вештини и совети како да започнете свој бизнис или да најдете одлична работна позиција во некој салон за убавина.
Како една од најопширните обуки за шминка во Македонија, секој дел од оваа обука е составен од професионалци во бјути индустријата, се надоградува постојано согласно сите светски трендови и ќе ви даде силна основа за почеток на вашата кариера,но и насоки како да се издвоите од останатите.
Професионалните шминкери имаат можност за успешна кариера во индустријата за мода и убавина. Нашата обука ви помага да ги стекнете потребните вештини и сертификат, кои ја зголемуваат можноста за стекнување на бројни и задоволни клиенти.
Програма и техники кои се изучуваат
- Теоретски дел и практична работа на живи модели
- Дневна шминка
- “Smokey eyes”
- ”Halo eye”
- “Cut crease”
- “Reverse eye”- руска тренд техника
- “Bridal makeup”– невестинска шминка
- “Marilyn Monro Iconic Makeup look”
- Контурирање,правилно нанесување туш и обликување веѓи
- Нанесување на трепки
- “Strobing”техника
- “Baking”техника
- “Glass skin”техника
Само во нашата школа за време на обуката се работи со врвни и докажани брендови за професионална шминка на светскиот пазар.
- Последниот час од обуката е наменет за тематска ПРОФЕСИОНАЛНА ФОТОСЕСИЈА со фотограф ангажиран од нашата школа, на модел кој ќе го нашминкате вие.
Сликите од фотосесијата ги добивате обработени и можете да ги користите за лична промоција.
Времетраење на обуката
Обуката трае 8 недели,во просек 34 часа.
Се посетува еднаш неделно по 4 саати, предвидени за совладување на различни техники и вештини.
По завршување на обуката, се стекнувате со сертификат за ПРОФЕСИОНАЛЕН ШМИНКЕР.














