Обука за свилени трепки

Надградбата на свилени трепки како услуга станува сè популарна и барана, така да сега е вистинското време да започнете нова кариера во индустријата на убавина или да ја воведете оваа услуга во вашиот салон. Доколку размислувате за да станете професионален “lash artist” и да научите повеќе за надградбата на свилени трепки, тогаш ова е вистинската обука за вас.

На оваа обука ќе стекнете целосно знаење и тврда основа за правилно изработка на свилени трепки. Во текот на истата, ќе научите за различни типови на трепки, различни техники за аплицирање на истите, но и за правилна грижа и одржување. Како да стекнете нови клиенти, но и како да ги привлечете и задржите старите. Не заборавајте, ова е техника која е барана од клиентите целата година и носи одлични финансиски придонеси.

Програма

Програма: Теоретски дел:

  • Анатомија на окото
  • Структура и фази на раст на трепките
  • Запознавање со материјали и алати за работа
  • Лепак (видови, состав, температура, влажност)
  • Хигиена, дезинфекција и стерилизација
  • Пост-третман – правилна грижа и одржување на свилени трепки по аплицирањето, но и по вадењето
  • Контраиндикации и како да се избегнат или третираат.

Практичен дел:

  • Правилна апликација на свилени трепки 1:1
  • Техника “natural eye”
  • Техника “cat eye”
  • Изучување на актуелната техника “hybrid”
  • Надградба на свилени трепки во боја (микс апликација)
  • Техника за постигнување на руски волумен со 3Д лепези
  • Правилно вадење на свилени трепки

Времетраење

Времетраење: Обуката трае 2 дена, каде се работи во просек по 6 часа на ден (или додека ќе завршите предвидената програма и задачата за тој ден).

Во текот на обуката, работите исклучиво на живи модели, обезбедени од страна на школата, со цел да се осигура одлично совладување на техниката.

По завршувањето на обуката добивате:

  • Сертификат од Школа за убавина Арт
  • Сертификат од професионалниот бренд LUXE, со чии квалитетни материјали работиме на обуката
  • Скрипта
  • Ваучер и попуст од LUXE
  • Постојана поддршка и консултации со едукаторката.