Обука за хиџама
Хиџамата е регулативен медицински метод кој лечи различни проблеми и заболувања. Се нарекува регулативен бидејќи преку локалното пуштање на крв, влијае на основниот регулативен систем во организмот, кој е одговорен за одржување на хомеостазата. Нарушувањето на хомеостазата може да доведе до појава на разни болести.
Преку хиџамата, се елиминира поткожната содржина, бидејќи само 10% од течноста која излегува содржи здрави крвни елементи, додека останатите содржат конгестирана (стара, згрутчена) крв, токсини од бактерии и вируси, биохемиски отпад, уреа, креатинин, вишок холестерол и триглицериди. Хиџамата е најдобрата метода за детоксикација на телото, не е болезлив и трае околу 60 минути.
Оваа обука е наменета за сите масери, физиотерапевти, козметичари, физијатри, спортски тренери, како и за сите оние кои имаат основно познавање на анатомијата и физиологијата на телото.
Практичен дел: Курсистите работат на живи модели, обезбедени од страна на школата, под надзор на едукаторот.
Бенифициите на хиџамата вклучуваат:
– Ги прочистува артериите и вените, го зајакнува и прочистува крвотокот (околу 70% од болестите се предизвикани со недоволен доток на здрава крв во органите)
– Ги прочистува лимфните жлезди и канали и на тој начин го чисти организмот од штетните материи заостанати од лекови,лоша исхрана и стрес.
– Делува на токсичните материи кои се наталожуваат во крвните садови помеѓу кожата и мускулите
– Се подобрува циркулацијата
– Се зајакнува имунолошкиот систем, се воспоставува хормонален баланс
– Ја подобрува работата на мозокот и работата на жлездите,особено на хипофизата
– Ја намалува заддршката на вода во телото
– Многу ефикасна метода за намалување на болка и значително намалува воспалителни процеси во мускулите.
воспалителни процеси во мускулите.
Програма
Теоретски дел:
- Што е хиџама и неговото потекло.
- Хигиена и медицински отпад.
- Видови на хиџама.
- Правилен начин на изведување на овој метод.
- Придобивки и контраиндикации од хиџама.
- Хиџама кај лица со висок крвен притисок.
Практичен дел: Курсистите работат на живи модели, обезбедени од страна на школата, под надзор на едукаторот.
Времетраење:
Обуката трае еден ден.
По завршување на обуката, курсистите добиваат сертификат за завршена обука за хиџама, скрипта и постојана поддршка и консултации од едукаторот.














