Обука за MICROBLADING - јапонска метода на исцртување на веѓи
Јапонската метода се фокусира на рачна вештина и прецизност,користејќи детален пристап за оформување веѓи со природна градација во должината и дебелината на веѓите.
Оваа метода не само што создава веѓи со природен изглед,,туку и овозможува долготраен резултат.
Обучувањето за оваа техника ќе ти овозможи да станеш мајстор во креирањето на веѓи кои изгледаат автентично и се вклопуваат со индивидуалните карактеристики на лицето.
Цените за оваа услуга се движат од 6000 до 12.000 денари во просек,така да оваа обука е вистинскиот чекор кон финансиска независност и започнување свој бизнис.
Времетраење на обуката
Обуката трае три дена. Моделите за време на обуката се обезбедени од школата.
Програма
Ден 1 – теоретски дел
– Припрема на просторот за работа и хигиена
– Основни информации за јапонска метода
– Консултации со клиент
– Процедура за изработка
– Контраиндикации
– Трајност на бојата
– Формирање облик
– Нега на веѓите по третманот
– Опрема за изработка на јапонска метода на веѓи
– Вежбање на латекс (вештачка кожа)
Ден 2
– практичен дел
– Демонстрација на жив модел
– Вежбање на латекс
– Работа на жив модел
Ден 3
– полагање на модел
По завршување на првите два дена од обуката, ги добивате материјалите за работа и продолжувате дома со вежбање на латекс се што ви е покажано на првите два дена од обуката, како и вежбање исцртување на облик на веѓи на лице. Сите изработки од вежбите ги праќате на едукаторката, а таа ви дава сугестии и насоки за подобрување на изработките. Кога едукаторката ќе процени дека изработките се задоволуваќки на одредено ниво, се закажува третиот час и полагање на живи модели.
На крај од обуката се здобивате со сертификат за завршена обука за јапонска метода на исцртување на веѓи.














