DEPILEVE академија за депилација

Во склоп на нашата школа, како единствени во Македонија е академијата Depileve за обуки, демонстрации и презентации за депилација.

Депилеве е број 1 бренд за производи за депилација во светот.

Воедно прв бред во светот кој ги има направено ладниот восок во далечната 1972г, првите производи за користење при депилација во 1980 г,првиот филм восок во 2003 година.Го имаат развиено и првиот машки восок за бербери во 2020 г, а подоцна и првиот био восок.

Depilevе има професионални протоколи за работа со производи за пред и после депилација, со кои депилацијата е со сигурност пријатно искуство,со минимална болка,а кожата е здрава, без иритации.

За време на обуката се работи исклучиво со производите и восоците од Depileve,по сите пропишани протоколи од Depileve академијата.

Depileve е нашиот омилен бренд,а сигурни сме дека ќе биде и твој!

Обучи се како Depileve професионален естетичар и издвој се од другите.

Добредојде во светот на професионалците!

Школа за убавина Арт & Depileve

Обука за депилација 4 во 1 (премиум)

(топол и ладен восок,патрони и филм восок)

Оваа обука е креирана за сите почетници кои сакаат да научат како безбедно и професионално да прават депилација и да понудат професионална услуга на своите клиенти.

На обуката ќе научите депилација по протоколите на Depileve со 4 различни типови на восок: топол восок,ладен восок,восок во патрони и најновата генерација филм восок.

Воедно користење на сите производи за пред и после депилација со цел намалување на болката и постигнување речиси безболна депилација,здрава и неиритирана кожа,третирање на поткожни влакна,како и производи за забавување на растот на влакната и смирување на разни проблематики на кожата.

Обуката е составена од теоретски и практичен дел.

За време на практичниот дел,по демонстрацијата од нашата едукаторка,секој курсист работи практично на живи модели обезбедени од школата,со цел  целосно усовршување на техниката,како и стекнување рутина и брзина за работа.

 

Времетраење на обуката: 1 ден (во просек 6ч.)

По завршување на обуката се стекнувате со два сертификати:

-Сертификат од Школа за убавина Арт

-Сертификат од Depileve на англиски јазик