Ламинација на веѓи е релативно нова техника, која за многу краток период зема голем замав во бјути индустријата.
Со овој третман се елиминираат недостатоците на веѓите, се обликуваат и поткреваат според пропорциите на ликот, за поубав и дефиниран изглед. Дополнително, веѓите се фарбаат, се потхрануваат и регенерираат со кератин.
На крај со помош на восок и чупалица, се дооформуваат за комплетирање на перфектен изглед. Нашата онлајн обука за ламинација на веѓи ќе ве обучи како правилно да го изведете овој третман. Водени од чекор по чекор постапката на видеото и деталната и прецизна скрипта, сигурни сме дека ќе бидете спремни за да го правите овој третман.
За време на обуката работиме со професионалниот сет за лифтинг на трепки од брендот Luxe. За обуката не е потребно претходно знаење и искуство. Со знаењето и вештините што ќе ги стекнете од оваа обука, ќе можете да им го понудите овој популарен и многу баран третман на вашите клиенти, помагајќи им да ги добијат совршените веѓи што отсекогаш ги посакувале.
Со купување на обуката и комплетирање на истата добивате:
- Сертификат од Школа за убавина Арт
- Скрипта
- 15% попуст за сите производи од Luxe Lashes
- Знаењето и вештините кои ќе ги стекнете од оваа онлајн обука
Обуката е достапна да ја гледате кога сакате и колку сакате 30 дена по купување на истата.