Лифтинг на трепки е доста актуелен и баран третман за постигнување на ефект на визуелно подолги,погусти,поизвиткани и потемни трепки со трајност до 8 недели.
Трепките се извиткуваат,се фарбаат и се потхрануваат со кератин,со што се постигнува подефиниран и поотворен изглед на окото, кој клиентите го обожаваат.
Нашата онлајн обука за лифтинг на трепки ќе ве обучи како правилно да го изведете овој третман.
Водени од чекор по чекор постапката на видеото и деталната и прецизна скрипта, сигурни сме дека ќе бидете спремни за да го правите овој третман. За време на обуката работиме со професионалниот сет за лифтинг на трепки од брендот Luxe.
За обуката не е потребно претходно знаење и искуство.
Со знаењето и вештините што ќе ги стекнете од оваа обука, ќе можете да им го понудите овој популарен и многу баран третман на вашите клиенти, помагајќи им да ги добијат совршените трепки што отсекогаш ги посакувале.
Со купување на обуката и комплетирање на истата добивате:
- Сертификат од Школа за убавина Арт
- Скрипта
- 15% попуст за сите производи од Luxe Lashes
Обуката е достапна да ја гледате кога сакате и колку сакате 30 дена по купување на истата.