Магазин за Убавина, Нега на Тело

Враснати влакна: превенција и третман

Folliculitis, враснати влакна, поткожни влакна… наречете ги како сакате. Сите сме ги доживеале во некој момент од животот, дали по депилација, бричење или едноставно одеднаш само од себе… и мора да признаеме, воопшто не се пријатни! Ќе ги објасниме потребните чекори за спречување или третман за да ја избегнеме нивната појава.

Folliculitis е воспаление на фоликулата на влакното. По депилација или бричење или кога влакното расте природно, понекогаш неcуспева да се пробие низ епидермалната бариера и да излезе на површина. Фоликулата се инфицира и се формира бубулица која може да прерасне и во циста која знае да е многу болна.

Каде најчесто се појавува?

Оваа појава најчесто се јавува во деловите кои ги депилираме или бричеме: нозе, потколеници, препони, пазуви, грб, врат или брада… делови кои се изложени на триење и недостаток на “дишење на кожата”. Може да се појават и на делови каде што ги чупкаме влакната, особено ако го правиме тоа спротивно од растот на влакната, како на веѓите, надусниците или брадата.

Како да ја спречиме појавата на враснати влакна?

• Редовно ексфолирајте (пилинг) ја кожата за отстранување на мртвите клетки кои неретко знаат да бидат причина за неможноста влакното да избие на површина. Одличен препарат за таа намена е новиот FOLISCRUB.

• Избегнувајте бричење колку е можно повеќе. За мажи, секогаш бричете се во правец на раст на влакната, не спротивно.

• По бричење, користете средство за чистење и смирување, како гел со Чајно Дрво, а потоа специјален третман со антисептично дејство и нежна ексфолијација и спречување на појава на бактерии кои предизвикуваат инфекции. Што е најдобро? ФОЛИСАН.

• Носете памучна долна облека, ќе помогне за намалување на појава на фоликулитис во препоните.

• Користете деодоранс за чувствителна кожа за пазувите.

• Одржувајте високо ниво на хигиена на жилетите, епилаторите, шпатулите и другите алатки и прибор за депилација и бричење.

Како да го третираме фоликулитисот?

Понекогаш, и покрај се, нема да спречиме појава на враснати влакна. За да спречиме инфекцијата да стане уште полоша, проблематичниот дел треба да го одржуваме комплетно чист и сув. Нанесувајте 2-3 пати на ден Фолисан се додека влакното не се пробие.

Основно е да избегнувате стискање на мозолката или насилно да се обидете да го извадите влакното со чупкалка или игла, така може да ја влошите состојбата многу лесно. Доколку ситуацијата не се подобри по неколку дена, побарајте лекарска помош за да се направи стручен увид и евентуална препорака за антибиотик во краен случај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *