Со пристигнување на зимата, менувањето на температурата носи нови предизвици на нашата кожа и бара поголема посветеност кога станува збор за негата.
Класичниот третман на лице или хигиенски третман е неопходен во текот на целата година, секако и во зима.
вој третман овозможува интензивна хидратација во моменти кога температурата и влажноста на воздухот се намалени. Класичниот третман ќе не заштити од дехидрираност и сувост на кожата и ќе и помогне да се справи со интензивните оштетувачки влијанија кои доаѓаат со студеното време.
Исто така, овој третман помага при обнова на сува и иритирана кожа, ги минимизира негативните влијанија на студеното време и ветер, чувајќи ја кожата соодветно хидрирана.
Долгорочно помага во спречување на појава на нови, дополнителни проблеми со кожата, ја зацврстува бариерата на кожата и ја обновува.
Ги чува и негува специфичните делови на лицето кои бараат особена нега како пределот околу очите и усните, го стимулира производсвото на колаген и еластин, што го подобрува тонусот и еластичноста на кожата.
Она што го прави класичниот третман посебен е тоа што е наменет за секаков тип на кожа, бидејќи во процесот на самиот третман кожата добива се што и е потребно, а дополнително истата се чисти, се отстрануваат митесерите и акните и се врши детоксикација.
Во зависност од видот и состојбата на кожата, препорачуваме класичниот третман да се прави еднаш на секои четири недели и да се прави пред секој друг третман кој е наменет за конкретна проблематика на кожата.
Овој третман е неопходен за сите типови кожа, без разлика на нејзината возраст, и треба да се прави во текот на целата година,а особено обрнете внимание во текот на зимата поради сушењето на кожата предизвикано од студ и ветер.
Доколку сакате можете да го закажете Вашиот термин за самостојно класичен третман или класичен третман во комбинација со микроdермоабразија (дијаманtsски пилинг) во спа салонот за убавина во Скопје " TheSpa for Royal Experience " и да уживате во сите негови придобивки, а воедно во професионален третман.














