Саем за козметика

ИЗЛОЖУВАЧИ #40 BEAUTY EXPO SKOPJE ’24

Во продолжение можност да се запознаете со уште 10 нови брендови и изложувачи на саемот за козметика, коса и естетика Beauty Expo Skopje ’24

1. GORSEN – Целта на Gorsen е едноставна: да Ви се пружи исклучителна палета на природни и органски козметички производи за нега на кожа и коса.
Верувајќи во квалитетот и извонредноста на своите производи, први на подрачјето на Босна и Херцеговина се впушти во авантура и сите свои производи ги упати на сертифицирање во најпознатата и најпризнатата светска сертификациска куќа – Ecocert.

Запознајте се со GORSEN

Instagram: gorsencosmetics

2.Дерма Бела Веледрогерија е лидер во снабдување и дистрибуција на производи за естетска и
регенеративна медицина и козметологија.

Производите кои ги застапуваат се внимателно одбрани од најголемите производители во естетската индустрија како APTOS, SKIN TECH PHARMA GROUP, PHYSIO NATURA, NITHYA.

Запознајте се со Дерма Бела Веледрогерија

3. Physio Natura
Природата нè инспирира, истражувањето нè учи како да ги искористиме сите нејзини придобивки.

Physio Natura е врвна Италијанска козметика за професионална и лична употреба, посветени за секоја потреба на кожата, со специфични протоколи како и состојки од италијанска територија, кои даваат инзвонредни резултати со редовна употреба.
Сите производи на Physio Natura се ослободени од петролатум, PEG, силикони и парабени и се никел и дерматолошки тестирани.

Запознајте се со Physio Natura

Instagram: physionatura

4. Skin Tech Pharma Group S.L. е компанија со 25 годишно искуство во естетската дерматологија
посветена да одговори на потребите на глобалниот естетски пазар.

Skin Tech Pharma Group S.L. е Шпанска компанија, која произведува медицински помагала со CE ознака (производи од класа II a и класа III) и козметички производи. Развива уникатни и иновативни формулации
преку сопствена лабораторија и растечките инвестиции со нејзините меѓународни научници во Одделот за истражување и развој.

Запознајте се со Skin Tech Pharma Group S.L.

Instagram: skintechpharmagroup

5. Rochel е премиум бренд достапен во соседните земји – Албанија, Грција и Бугарија и сега за прв пат и во Македонија. Бренд кој што е познат во полето на ексклузивните парфеми миризливите шампони и како нова иновација – џебните парфеми.

Запознајте се со ROCHEL

Instagram: rochelnmk

6. SQT®️ Bio-Microneedling – Првиот третман со микро-игли во светот без уред!

𝐏𝐢𝐨𝐧𝐞𝐞𝐫 𝐨𝐟 𝐒QT 𝐁𝐢𝐨𝐦icroneedling 𝐓𝐫𝐞𝐚𝐭𝐦𝐞𝐧𝐭 – Револуционерна иновација на пазарот за регенерацијa на кожата која ќе ги реши вашите ПРОБЛЕМИ СО КОЖАТА за 7 дена! (За акни, пигментација, разредена мелазма, против стареење итн.)

Запознајте се со SQT Biomicroneedling

Instagram: sqtmacedonia

Instagram: sqt_macedonia

7. Аполон козметик ДОО е новоотворената компанија за козметика која ќе Ве однесе во светот на рускиот маникир.

За прв пат ни пристигнува високо квалитетниот бренд DE LA RO.

Аполон Козметик е единствен застапник на овој руски бренд во Македонија, кој ќе Ви организира многу семинари и обуки од руската техника за маникир.

Запознајте се со Аполон Козметик и брендот DE LA RO

Instagram: apolon_delaro_mk

8. Добро познатиот српски бренд PREMIUM LASHES чиј креатор е Бојана Васовиќ, која ја препознава својата љубов кон козметиката уште во 2009 година, па преку долгото школување и собирање знаење, во 2015 год. одлучува тоа да го заокружи креирајки го овој бренд.

Бренд кој покрива огромен број на производи за професионална изработка на следните техники:
ламинација на трепки и веѓи.
надградба на трепки т.н. свилени трепки.
HENNA BROWS.
SPRAY TAN.

Запознајте се со PREMIUM

Instagram: premiumlashesmacedonia

9. Ajnas Nail Systems е првиот македонски бренд за нокти кој се произведува според највисоки европски стандарди за квалитет.

Aјнас школата за нокти предводена од Интернационален Мастер едукатор Сања Асани Варсаќевска едуцира мајстори за нокти како почетници така и професионалци.

Запознајте се со брендот AJNAS

Instagram: ajnas_nailsystems

Instagram: ajnas_nailschool

10. BABYLISS PRO

Повеќе од 60 години Babyliss PRO произведува иновативни електрични производи за да ја инспирира креативноста на професионалните фризери, од сесија, до салон и пошироко.

Запознајте се со BABYLISS PRO

Instagram: babylisspro.macedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *