Моментално најпопуларен антицелулитен третман во салоните за убавина е мадеротерапијата или третман (масажа) со дрвени алати.
Еден од најголемите проблеми на жените е постојаното стварање на целулит.Масните наслаги ,кои најчесто се појавуваат на нозете и рацете ,можат да бидат доста тешки за третирање.Во моментов една од најпопуларните неинвазивни методи за третирање на целулитот е мадеротерапијата,која дава резулати уште по првиот третман.
Овој третман со специфични дрвени елементи-оклагии,ги елиминира токсините кои се акумулираат во различни делови од телото ,односно со активно масирање- третирање на тие делови се поттикнува микроциркулацијата и се елиминира задршката на вода и мастите.
Иако оваа масажа е претежно наменета за губење на масните наслаги и ослободување на целулитот,воедно таа е корисна за болки во грбот и генерално за детоксикација на цело тело.
Секогаш консултирајте се со стручни лица во избраниот салон за убавина околу тоа колку третмани се потребни и дали ова техника е вистинската за вашата проблематика.
Оваа метода веќе одамна е достапна како обука во рамките на Школа за убавина АРТ.
Сертифициран едукатор за истата е Славица Вучовска ,која ќе ни открие повеќе детали околу оваа техника.
1. На кого би го препорачале овој третман и кои се најголемите придобивки од мадеротерапијата?
- Мадеротерапијата е првенствено за обликување на телото, посебно кај лица со диспропорционално наталожени масни наслаги. Популарна е за третирање на целулит на нозе и бутови, но може да се прави и на други регии.
Не се препорачува кај трудници, доилки, гнојни процеси, промена на кожа, тромбоза, проширени вени, лица со еден бубрег или дијализа. Затоа, пред почеток на третман треба да се направи анализа на клиентот.
2. Колку често се препорачува да се прави и дали има контраиндикации?
- За добри резултати се препорачуваат 2 серии од по 10 третмани. Еден третман трае 45 мин и се прави 3 пати во седмицата. Пакети се прават во зависност од состојбата на клиентот.
Лесно видливи резултати има кај лица од 15 – 25 год. “Проблем” се јавува кај лица што се над 40 години, заради хормоналниот дисбаланс. Има клиенти со хипертензија, перименопауза, менопауза, климакс, дијабет, проблем со тироидна жлезда и др. Сите овие проблеми бараат посебен начин на работа.
3. Дали мадеротерапијата е доволна или препорачувате можеби комбинација на истата со други третмани?
- Тоа е идндивидуално се зависи од состојбата на клиентот и видот на целулит, а најбитна е соработката со клиентот. Не може да очекува магија од терапевтот, ако не сме редовни и не се придржуваме на правилата. Најдобри резултати се добиваат во комбинација со други техники и козметики. Но повторувам, се е индивидуално.
4. Со колку третмани има видливи резултати?
- Резултатите се веднаш видливи, односно по првиот третман.
5. Може ли со помош на оваа терапија да се намали во обем и килограми?
- Килограми не. Во обем значително се намалува, но самата мадеротерапија ќе Ви помогне многу доколку веќе сте на пат на губење килограми.
6. Дали мадеротерапијата како третман е болна и дали е нормална појава на модрици од истата?
- Не и не треба да има. Само со неправилна техника на работа се прават модрици и подливи. Најважно е мадеротерапијата да ја прави стручно-обучено лице. Здравјето на клиентот секогаш треба да е на прво место, а не скапо наплатениот третман.
7. Дали може секој да ја посети оваа обука и зошто би им препорачале да се одлучат токму за мадеротерапија?
- Да, за посета на оваа обука нема услови, како на пример да сте медицинско лице или физиотерапевт, доволно е да се има желба.
Многу е битна основната обука, но уште побитна и понатамошната доедукација и надополнување на знаењето. Работам доста години и сеуште се надоградувам, ја користам секоја укажана прилика за тоа.
Во моментот следам обука за едукатори за нова техника на мадеро и лимфна дренажа во Русија, што значи дека во новата 2024 година во Школа за убавина Арт ќе има и нови обуки, но за тоа во следна прилика подетално.
8. Славица, Вие сте прекрасна и негувана жена дали може да ни кажете што претставува за Вас синоним за убава жена? Како вие ја одржувате вашата убавина и линија со текот на годините?
- Ви благодарам.
Секоја жена треба да биде негувана, јас пред се сум 46 годишна сопруга и мајка на 3 сина. Секојдневните обврски околу домот, семејството, работата, па и патувањата до Скопје 2 пати неделно, не ми преставуваат проблем да го негувам своето тело и лице.
За телото се грижам сама со физичка активност, третмани и козметика, а лицето го препуштам на стручни лица во кои имам целосна доверба.














