Уште изложувачи и брендови кои ќе бидат дел од саемот за козметика, коса и естетика кој ќе се одржи од 15ти до 17ти март во хотел Александар Палас во Скопје.
1. ИПСУМ – фирма дистрибутер на медицински препарати како филери, ботокс, хемиски пилинзи и медицинска козметкика како и опрема за ординации и салони и потрошен материјал.
Запознајте се со IPSUM
Instagram: ipsum.med
2. Mesoestetic – водечки бренд во естетската медицина,козметологија и дерматологија кој нуди голем број на решенија и производи за различни естетско-дерматолошки и козметолошки проблеми( хемиски пилинзи, протоколи,професионални продукти за третмани производи за домашна нега).
Запознајте се со MESOESTETIC
Instagram: mesoestetic.northmacedonia
3. Школа за убавина Арт,
Прва и единствена школа за козметичари во Македонија – реализирана идеја која и како секоја – расте, се менува и се подобрува според сите предизвици и сите новини.
Запознајте се со Школа за убавина Арт
Instagram: skolazaubavina
4. Art & Beauty e првата beauty заедница во Македонија преку чија платформа можете да ги дознаете сите новитети, информации и случувања во beauty индустријата.
Запознајте се со Art&Beauty
Instagram: artandbeauty.com.mk
5. Бини Профессионал е компанија која оперира во Албанија, Косово и Северна Македонија! Во Северна Македонија, првичната филиала беше отворена главно во Тетово од 2019 година, а подоцна и во Скопје во 2023 година. Со внимание на производите кои ги нудиме, ние обезбедуваме професионални производи за бербери и фризери.
Запознајте се со BINI PROFESSIONAL и нивните брендови NISH LADY и NISH MAN
Instagram: biniprofessional.mk
Instagram: nishladymacedonia
Instagram: nishmanmacedonia
6. Кејра – Шпански Бренд -професионална козметика за коса,со производство во Барселона.
Производите се базирани врз основа на цинк,амино киселини,хиелуронска киселина,арган,Камелија,екстракти од дијаманти.
Како главна компонента се јавува хидролизиран кератин,дури и фарбите и хидрогените се со поддршка на истиот.
Запознајте се со KEYRA
Instagram: keyracosmeticsmk
7. Еlloxy е водечка компанија во Македонија, увозник и дистрибутер на
најпознатите брендови за традиционална корејска козметика, со сопствена oнлаjн продавница.
Компанијата постои од 2021 година и во моментот во својот асортиман нуди над 30 популарни брендови на корејска козметика за нега на лице, тело и коса, со повеќе од 600 производи.
Запознајте се со ELLOXY
Instagram: elloxy.mk
8. V&G Beauty Center & Academy
Постои од далечната 1993 година формирана самостојно од жена претприемач под името “Арт студио Вуси”. Со ребрендирањето во 2022 година прерасна во семеен бизнис со промена на името во V&G Beauty Center&Academy, co зголемен квалитет, обем и проширување на дејноста.
Запознајте се со V&G Beauty Center & Academy
Instagram: vg_beautycenteracademy
9.Luxe брендот е најпопуларниот бренд во Македонија, претставуван од сертифициран едукатор, Тамара Јованоска.
Во овој бренд акцентот е ставен на внимателно избрани материјали, изработени од сертифицирани органски материјали и за прв пат на едно место lash-артистите ќе може да најдат материјали со врвен квалитет и олеснување при нивната изработката.
Запознајте се со LUXE
Instagram: luxelashes.macedonia
10. Средното училиште на Град Скопје ,,Димитар Влахов” училиште со традиција. ведрина и шарм. Сместено во срцето на градот Скопје на само 800 метри од Транспортен центар Скопје, онаму каде сите патишта се спојуваат, почнуваат и продолжуваат.
Училиште кое крие успешни приказни на многу завршени генерации и чека несебично да го пренесе своето знаење и вештини на уште безброј млади луѓе.
Запознајте се со СУГС ДИМИТАР ВЛАХОВ
Instagram: vlahovdimitar311














