Магазин за Убавина, Нега на Лице, Нега на Раце, Нега на Тело, Убавина

Ниацинмид – благодети и примена во нега на кожата

Ниацинамид или никотинамид e посебен облик на витамин Б3 кој со редовна употреба многу позитивно да делува на кожата.

Ниацинамид е форма на витамин Б3 и е водоразложлив витамин кој го стимулира енергетскиот метаболизам на клетките, го стимулира производството на колаген и е познат по своите антиоксидативни својства.

Но најчесто е познат по својата способност да го подобри изгледот на кожата и да се бори против различни проблеми како акни, црвенило, страеење на кожата.

Игра важна улога во подобрување на текстурата на кожата, намалување на појава на фини линии и брчки, како и намалување на црвенило и воспаленија.

Помага во борбата со акни и ја одржува под контрола масната кожа за луѓето кои се соочуваат со акнозна кожа и ја намалува појавата на митесери.

Овој витамин продира длабоко во кожата и таму ја поддржува нејзината природна заштитна функција, овозможува хидратација и видливо ги намалува зголемените пори, ја одржува хидратацијата на кожата, ја лекува кожата од изложеноста на сонце и ја чува нејзината влажност и еластичност.

Ова е одличен додаток во рутината за нега на кожата бидејќи е лесен за интегрирање самостојно или да се аплицира доколку се наоѓа во составот на различни креми или серуми.

Ниацинамидот има регенерирачко, смирувачко, регулирачко дејство, се користи против акни, оштетување на кожата, пигментни дамки, благо оштетување од сонцето и ја збогатува anti-age негата – Се што и е потребно на Вашата кожа од само еден витамин.

Доколку сакате да го вметнете овој витамин во Вашата рутина, во нашата е-продавница имаме одличен производ за Вас:

FRESH MIX JELLY ВИТАМИН Б3 НИЈАЦИНАМИД 20МЛ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *