Магазин за Убавина, Нега на Лице, Нега на Тело, Убавина

Нова MESOESTETIC академија во Скопје

Во склоп на Школа за убавина Арт – првата и единствена школа за козметичари во Македонија од неодамна се одржуваат обуки за мезотерапија со дерма пен и хемиски пилинзи според протоколите и со производите на светскиот бренд MESOESTETIC.

Имено, овој бренд има своја академија – Mesoestetic Academy преку која се одржуваат обуки за тоа како да се работи правилно со  производи со врвен квалитет и третмани кои носат научно докажани резултати.

https://www.mesoestetic.com/professional/academy

 

Самиот бренд Mesoestetic е постојано поврзан со тековните истражувања и е во соработка со болници, универзитети и искусни специјалисти со цел постојано истражување и развој на нови третмани.

IG:

https://www.instagram.com/mesoestetic.northmacedonia/

https://www.instagram.com/mesoestetic/

Обука за мезотерапија со Dermapen според протоколите на Mesoestetic Academy

Што е мезотерапија со Dermapen?

Се работи за минимално инвазивната процедура, која вклучува вметнување на фини кратки игли во кожата.

Може да помогне да се намали појавата на лузни од акни, брчки, стрии, помага во подобрување на целокупната текстура на кожата и го стимулира производството на колаген.

Иглите се движат од 0,5 до 2,5 милиметри и се вртат над кожата од уред налик на пенкало, што создава ситни рани кои го пробиваат најгорниот слој на кожата со цел да стигнат до епидермисот и подлабокиот дермисот што овозможува кожата да остане позатегната и погуста како што старееме.

Кои се придобивките од мезотерапијата со користење на Dermapen?

Microneedelig може да се користи за да помогне при различни проблематики поврзани со кожата. Може да ја минимизира големината на порите и да го подобри квалитетот и текстурата на кожата, да се намали појавата на лузни од акни, стрии, па дури и фини линии и брчки, благи лузни (особено од акни или изгореници), хиперпигментација и стрии.

Програмата на обуката можете да ја видите на следниот линк:

Дермапен – Мезотерапија – Art and Beauty

Обука за хемиски пилинзи според протоколите на Mesoestetic Academy

Што се хемиски пилинзи?

Хемискиот пилинг е еден од најефикасните третмани на модерната естетска медицина кој природно ја обновува кожата, решава проблеми со кожата, но и ја подмладува.

Вклучува забрзана ексфолијација на кожата, која е предизвикана од хемиски агенси што се нанесуваат на кожата. Оваа постапка има двојна функција, па покрај отстранувањето на површинските слоеви на кожата, овие агенси доведуваат до интензивно ослободување  цитокини, фактори на раст и синтеза на колаген, што интензивно ја подмладува кожата.

Кои се придобивките од хемискиот пилинг?

Подобрување на изгледот и квалитетот на кожата, измазнување на брчките, лифтинг ефект, третман на хиперпигментации, оштетувања на кожата предизвикани од сонце, лекување на приширени пори, акни и лузни од акни, третман на стрии итн.

Програмата на обуката можете да ја видите на следниот линк:

Обука за хемиски пилинзи – Art and Beauty

Едукатор на овие обуки е Кристина Арсовски, сертифициран тренер од Mesoestetic Academу за Македонија.

Овие обуки ги исполнуваат сите регулативи за професионалност и квалитет со програмата, и се единствено достапни во Школа за убавина Арт и во Македонија.

Со правилно користење на производите на Mesoestetic ќе имате неверојатни медицински докажани резултати.

Покрај сертификатот од Школа за убавина Арт, по обуката добивате и сертификат од Mesoestetic Academy.

Искористете ја оваа можност да бидете едни од ретките и меѓу првите Mesoestetic обучени техничари во Македонија за најактуелните третмани во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *