Во светот полн со предизвици и можности, издвојуваме една успешна приказна за една вредна и упорна девојка- жена, која одлучи да ги следи своите соништа и да ги претвори во реалност. Таа не се задоволи само со мечти, туку со многу труд и преданост, успеа да го отвори својот салон за убавина.
Од почетокот на нејзината приказна, Ана се соочуваше и со пречки и со сомнежи, но не ја напушти својата визија. Таа вложи безброј часови во обуки и практична работа за да ги совлада сите аспекти на убавината и управувањето на бизнисот.
Заврши обуки за нокти, свилени трепки,јапонска метода на веѓи,педикир, парафински третман, како и лифтинг на трепки и ламинација на веѓи во Школа за убавина Арт, стана сертифициран техничар за истите и продолжи кон својата цел.
Набрзо, нејзината страст и преданост ќе привлече голем број на клиенти кои веќе се обраќаат кон неа за нејзините услуги. Со одличниот квалитет на работа, праксата и упорноста, како и и посветеноста кон клиентите, нејзиниот салон за убавина е место каде секој може да се почувствува освежено и препородено.
Нејзината приказна е вистинска инспирација за сите кои сакаат да ги следат своите соништа и да ги претворат во реалност. Нејзината упорност, преданост и верување во себе се претворија во успех и во реализација на нејзините најголеми амбиции.
За неа, секој ден е нова прилика да креира, да инспирира и да се надмине себеси. Нејзината приказна е доказ дека со многу труд, верување и преданост, соништата можат да станат реалност.
Имате наша топла препорака да ја посетите и да уживате во услугите кои ги нуди нејзиниот салон “ Infinity and Divine” во Скопје.
Инстаграм: infinity_and_divine














