Магазин за Убавина, Нега на Лице, Убавина

Правилен начин на аплицирање на Вашата козметичка рутина

Кога веќе го знаете точниот редослед за аплицирање козметиката како дел од дневната и ноќната рутина, ќе посветиме малку внимание на некои совети за аплицирање кои се исто така многу важни за ефикасноста на производите.

Правилен редослед за аплицирање на производите за нега:

Правилен редослед за аплицирање на производите за нега

Аплицирањето на козметичките производи на погрешен начин може да направи повеќе штета отколку бенефит за кожата.

1. Отстранувач на шминка

Кога отстрануваме шминка од очите со туфер, нежно го нанесуваме отстранувачот на капаците и трепките, се разбира со затворени очи.

Нежно притиснете на очните капаци и по неколку секунди повлечете го туферот надолу во правец на раст на трепките.

Повторете ја постапката додека целосно не ја отстраните шминката. Немојте да триете ниту да правите нагли странични движења.

Користете нов туфер за отстранување на шминката на усните и сосема нов туфер за шминката на остатокот на лицето.

Во овој случај шминката се чисти со долги, нежни движења према надвор.

2. Чистач (пена)

Откако ќе ја отстраните шминката, натопето го лицето со топла вода и со врвовите на прстите нанесете од гел пената за чистење.

Потоа со кружни движења распоредете го гелот по лицето. Обратете особено внимание на најпроблематичните регии како Т-зоната и вратот.

Исплакнете со многу вода и исушете само со тапкање, без триење, со крпа која ја користите само за Вашето лице.

3. Тоник

Се враќаме на туферчињата: нанесете тоник без премногу да го натопувате и поминете го лицето со долги, нежни движења од центарот на лицето према надвор, избегнувајќи ги контурите на очите.

4. Маска

Чиста четкичка за шминкање, каква што користите за нанесување на пудра, е идеална за нанесување на маски, затоа обезбедете си една специјално за оваа намена.

5. Пилинг

За пилинг на лице во домашни услови, Вашите прсти се главна алатка.

На навлажнето лице, нанесете од пилингот со кружни движења, обрнувајќи посебно внимание на носот, челото и брадата.

6. Производи за околу очи

Најдобар начин за нанесување на козметика околу очите е со лесно тапкање околу целата орбитална коска (регијата под окото и под веѓите).

Не нанесувајте на очните капаци.

7. Масло за лице

Ставете неколку капки од маслото на дланките и загрејте го. Потоа поставете ја дланката со благ притисок на челото и брадата, слепоочниците и образите, носот и централниот дел од лицето, двете страни од вратот и деколтето.

8. Серум

Откако ќе загреете неколку капки од серумот со врвовите од Вашите прсти, тапкајте на лицето од центарот према надвор, незаборавајќи ја линијата на вилицата и вратот.

9. Крема за хидратација

Нанесете со долги и многу нежни движења кои почнуваат од центарот на лицето према надвор, внимавајќи да не ја истегнувате кожата (може да предизвика појава на брчки).

Кожата на вратот и деколтето е многу слична на лицето, затоа не заборавајте ги овие регии при хидратацијата.

Доколку сакате да ја одржувате Вашата домашна рутина за нега со производи со највисок квалитет, Ви препорачуваме да ја посетите нашата е-продавница и да набавите се што Ви е потребно според Вашиот тип на кожа.

Линк до е-продавница:
https://artandbeauty.com.mk/е-продавница/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *