Магазин за Убавина, Нега на Лице, Убавина

Правилен редослед за аплицирање на производите за нега

Серум, тоник, пилинг, крем, заштита од сонце, крем за околу очи, чистач… колку производи за нега на кожа имате во вашето шкафче? Сигурно многу…

Дали истите ги аплицирате по правилниот редослед?
Ќе се обидеме да ви објасниме во детали чекорите кои би требало да ги вклучите во Вашата дневна рутина за нега на лицето.

1. Отстранувач на шминка

Доколку користите шминка, ова би требало да е првиот чекор на рутината. Одберете го отстранувачот согласно типот на Вашата кожа, делот од лицето или саканата текстура.

2. Чистач (пена за чистење)

Чистењето е базата на секоја рутина за нега на лице. Со погрешно чистење, ниту еден хидрататор или подлога нема да направат ништо добро.

Треба да го правите наутро и навечер, без разлика дали имате или немате шминка. Кожата многу се валка поради надворешните влијанија и сопствената секреција на себум. Покрај тоа, чистачот ги отстранува и остатоците од шминка од претходната фаза.

Одберете чистач согласно типот на кожата.

Наша топла препорака е хијалуронскиот чистач на Anesi кој е погоден за сите типови на кожа.

ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ AQUA VITAL 190мл.

3. Тоник

Ова е третиот чекор и честопати забораваме да му дадеме значење кое го има, бидејќи игра многу важна улога. Тоникот го враќа рН балансот на кожата по чистењето, ја освежува кожата, ги намалува порите и ја подготвува за следниот чекот.

4. Крем за околу очи

Бидејќи регијата околу очите вообичаено не се третира со серуми, масла или креми за лице, препорачуваме овој чекор да се направи сега. На овој начин ја лимитираме регијата со аплицирање на посебен производ специјален за нега околу очите. Почекајте производот целосно да се впие пред да се шмикнате.

5. Серум

Серумот секогаш се нанесува пред кремот за хидратација. Благодарејќи на концентрацијата на состојките и текстурата, навлегува во најдлабоките слоеви на кожата.

6. Крем за хидратација

Заедно со чистењето, ова е есенцијален чекор.

Нанесeте од кремата по серумот и не го заборавајте вратот и деколтето.
Наша препорака :

AQUA VITAL ХИДРАТАНТНА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ 50МЛ.

7. Заштита од сонце

Доколку Вашата крема не содржи заштитен фактор, пожелно е да користите по кремот за лице. Некои заштитни креми ја изедначуваат текстурата и идеално делуваат и како основа за шминка.

Препорака за заштитен крем погоден за сите типови на кожа:

Anesi Lab Daily Solar Shield SPF 30

8. Пилинг и маска за лице се чекор во рутината кои не се прават секој ден.

Вметнете ги еднаш во неделата по чистачот и пред тоникот.

Ако ги правите заедно, прво направете го пилингот, а потоа маската.

Се разбира, не мора да ги користите сите производи од листата, но почитувајте го овој редослед за искористување на максималните бенефити на рутината.

Запомнете дека навечер најдобро е да ги повторите барем чистењето, серумот и кремот за хидратација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *