TheSpa, Магазин за Убавина, Нега на Лице, Нега на Тело, Убавина

Предлог третмани пред летен одмор

Сите со нетрпение чекаме да стапнеме на топлиот песок и да уживаме во прекрасните зајдисонца.

За уживањето во летниот одмор да биде поголемо ви препорачуваме третмани кои можете да ги направите непосредно пред неговиот почеток.

1. Депилација на тело

За мазна кожа без влакненца подолг временски период препорачуваме депилација на телото.

Внимавајте да не ја изложувате кожата на директно сонце 24 до 48 часа по депилацијата за да избегнете црвенила и иритации.

2. Педикир со гел лак на стапала

Овој третман го препорачуваме за летно освежување на ноктите на Вашите стапала со поголема долготрајност на бојата и секако нега на кожата која е секогаш потребна.

3. Spray Tan

Третманот е одличен начин да се прикријат одредени недостатоци на кожата и да се прикрие целулитот за настани или пред плажа, правејќи го телото мазно и тонирано.

4. Lashlift and tint

Tретман за визуелно подолги, погусти и потемни трепки кои прават поотворен изглед на окото.

Со овој третман нема да имате потреба од додавање на маскара со што ќе можете безгрижно да уживате во активностите во вода со убав изглед и без уништена маскара.

5. Ламинација и фарбање на веѓи

Со овој третман можете слободно да го заборавите моливчето и гелот за веѓи бидејќи Вашите веѓи ќе бидат совршени дури и ако постојано нуркате во водата.

Сите овие третмани ќе Ви помогнат да го минимизирате времето за нега на Вашиот годишен одмор и ќе го одржуваат Вашиот изглед уреден и негуван.

Место во кое можете да уживате во овие третмани:

thespa_for_royal_experience

Спакувајте ги Вашите куфери, не заборавајте редовно да нанесувате SPF и уживајте во летото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *