Магазин за Убавина, Убавина

Предлог три производи од MAC Cosmetics

Доколку користите било каква шминка во секојдневието, сигурно во Вашиот несесер имате бар еден производ од брендот MAC COSMETICS.

МAC – Кратенка од Makeup Art Cosmetics е основана во 1984 година од шминкерот и фотограф Френк Тоскан и сопственикот на салонот Френк Анџело.

Нивната цел била да се ​​создадат производи за шминка со кои се постигнуваат совршени makeup looks и тоа целосно да се доловува со објективот за време на професионалните фотосесии.

Секоја формула, завршница, текстура што можете да ја посакате е тука, заедно со нијанса што одговара на вашиот тен.

MAC е пулсот на она што е тренд во убавината.

Во продолжение 3 производи кои Ви препорачуваме да ги додадете во Вашиот несесер.

1. MAC Prep and Prime Fix + Spray.

Лесен воден спреј преполн со витамини и минерали за смирување и хидратација на кожата.

Спрејот можете да го користите за повеќе намени.

Ја подготвува и ја смирува кожата.
Може да се аплицира врз шминката за постигнување на прекрасен dewy look и да се бори против сувоста на кожата.
Може да се користи со камени или прашкасти продукти за нивно активирање и постигнување поинтензивна боја.

2. MAC Mineralize Skinfinish

Оваа пудра има бисерни пигменти кои даваат покриеност и дифузен сјај.

Кожата ќе изгледа свежо и сјајно во текот на целиот ден со само кратко освежување на шминката.

3. MAC Powder Kiss Lipstick

Ова не е типичен мат кармин.

Во својата формулата има пигменти во прав обложена со влага со што се постигнува прекрасен мат изглед, без познатото сушење на усните по користењето на мат кармин.

Резултатот се секогаш совршени мат усни кои се во исто време хидрирани и не пукаат.

Сите овие производи се достапни и кај нас во https://www.instagram.com/fabuspot_makedonija и ние топло Ви препорачуваме истите да ги набавите и да уживате во совршен изглед и поголема самодоверба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *