Магазин за Убавина, Нега на Тело

Решение за стрии?

Стриите се оштетувања на кожата предизвикани од физичко растегнување кога сврзното ткиво се растега надвор од своите граници на еластичност.

Се појавуваат на задникот, стомакот, колковите, надлактиците, нозете и градите како резултат на бременост, брзо зголемување на тежината, генетската предиспозиција и хормонални промени.

Стриите почесто се појавуваат кај жените во споредба со мажите, бидејќи жените имаат послабо сврзно ткиво. Не можат целосно да исчезнат, но постојат начини да се намали нивната видливост.

 

Видови на стрии:

На почетокот, стриите се црвено-виолетови (striae rubrae). Со текот на времето тие избледуваат и добиваат бела до розова нијанса (striae albae).

 

Структура на стриите

Стриите со црвена боја имаат изразена реорганизација на колаген и промена во содржината на еластин. Таканаречените бисерни или бели стрии имаат атрофија на епидермисот и исто така изменет колаген. Белите стрии се најмногу слични на лузни

Спречување на појава на нови стрии и третирање на веќе постечките стрии е можно со користење на следниве препораки:

Хидратација на кожата

Редовната употреба на хидратантни креми кои содржат висок процент на колаген и масла можат значително да ја подобрат еластичноста на кожата и да ја спречи појавата на стрии.

Наш предлог е серумот за стрии од Anesi, кој е веќе омилен кај женската популација во светот.

Линк да го купите серумот со попуст: ANESI СЕРУМ ЗА СТРИИ

А за сите со проблем со опуштена кожа, наша топла препорака за млекото од италијанскиот бренд Byotea за лифтинг и затегнување на кожата: Млеко за затегнување на телото

 

Исхрана

Водедување на урамнотежена исхрана и конзумирање на есецијални витамини и минерали – А, Ц и Е, како цинк, играат голема улога во здравјето на кожата.

Одржување на здрава тежина и физичка активност која го подобрува општото здравје, ја подобрува циркулацијата и производство на колаген.

 

Козметички и естетски третмани

Доколку изберете, постојат и многу професионални третмани како ласерски третман, микродермобразија или козметички процедури со ретиноиди, мезотерапија, хемиски пилинг, дермапен, ПРП третмани кои ќе Ви помогнат во процесот на намалување на стриите. Предлог салон со третман со дерма пен за третирање стрии: thespa_for_royal_experience

Најважно е сите промени на Вашето тело, како и стриите да ги носите со љубов.
Тие се дел од нашата приказна и сведочат за различните фази на нашиот раст и развој.
Вашата кожа е уникатна и заслужува љубов и најдобра грижа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *