Магазин за Убавина, Нега на Лице, Нега на Тело

Совети за нега за сјајна и чиста кожа

Чистата кожа и рамномерниот, здрав тен е нешто што секоја жена го посакува.
Постојат многу фактори кои негативно влијаат на состојбата и изгледот на кожата на лицето, но за среќа, постојат и неколку начини да се справиме со истите.

1. Советувајте се исклучиво со дерматолог или сертифициран козметичар

Доколку еден производ е соодветен за кожата на Вашата пријателка, не значи дека е соодветен и за Вас.
Сите имаме различен тип на кожа, различно ниво на сензитивност, различни генетски предиспозиции и сл.

Својата рутина креирајте ја во консултација со стручно лице за да направите повеќе благодет, отколку штета на Вашата кожа.

2. Двојно чистење на лицето

Чистењето на лицето со маслено средство треба да биде прв чекор при ноќната рутина за нега на кожа.
Со маслениот чистач ќе се растворат во масло растворливите нечистотии како себум, СПФ крема, шминка.

Вториот чекор во двојното чистење е со средство за чистење на база на вода, за да се отстранат нечистотиите кои се растворливи во вода, како пот и нечистотии кои се залепиле на лицето во текот на денот.

3. Пијте доволно вода

Не постои ниту еден производ кој магично ќе ја поправи состојбата на кожата, доколку немате соодветна хидратација на целиот организам.

Пиењето доволно вода е основа за здрава кожа.

4. Менувајте ја рутината според годишните времиња

Поради ветер и студен воздух преку зима, кожата има потреба од посилна заштита.
За во зима внимавајте на длабинска хидратација, богати и хранливи креми и секако заштитен фактор.

Додека во лето внимавајте на хидратација, фактор и користење на полесни и не многу масни креми за да избегнете затнување на порите.

Во текот на целата година правете класичен хигиенски третман на лице, за длабинско чистење на порите.

Информирајте се за класичниот хигиенски третман:

Зошто класичниот третман на лице е неопоходен во зима?

5. Внимателно избирајте нови производи во рутината

Пред да почнете со употреба на нов производ, препорачливо е извесен период да го тестирате на мал дел од кожата во случај на алергии и можна појава на иритации.

Истовремено, немојте наеднаш да почнете да ги користите сите продукти, туку постепено воведувајте ги во вашата рутина, во случај да се појави проблем, полесно да го најдете изворот.

Ако забележите иритација или друг несакан ефект од кој било продукт, престанете да го користите.

6. Не секоја несовршеност на лицето се решава со козметика

Многу промени на кожата на лицето се последица на хормонални промени, проблеми со тироидната жлезда или нездрави навики.
Важно е да посетите стручно лице кое може да Ви помогне да го решите овој проблем, а со решавање на истиот ќе се подобри и состојбата на кожата на лицето.

7. Никогаш не заспивајте со шминка на лицето

Секогаш пред спиење избришете ја шминката од лицето.
Нередовноста во отстранувањето на шминката носи влошена текстура на кожата, намалена влажност, сушење, појава на црвенила, комедони и мозолчиња.
Доколку еднаш сте заспале со шминка на лицето, променете ја навлаката на перницата.
Додека спиеме, го триеме лицето од перницата и доколку навлаката е непроменета, кожата повторно ќе дојде во контакт со сите нечистотии секоја наредна вечер.

8. Користите сапун за раце, наместо соодветен производ за миење на лице

Има причина зошто постојат специјални средства за миење лице. Сапуните за раце не се погоди за кожата на лицето бидејќи се „груби“ и можат да ја исушат.

Затоа, секогаш мијте го лицето со средство со таа намена.

Наша топла препорака – Пена за чистење лице со хијалуронска киселина и аминокиселини од јаболко.

ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ AQUA VITAL 190мл.

9. Претерувате во домашната нега

Претерувањето со пилинзи, маски и третмани може да има сосема спротивен ефект.
Важно е да ја негувате кожата, но и да бидете умерени во тоа.

Внимавајте на следниве правила за нега во домашни услови:

Направете нежен пилинг еднаш неделно пред нанесување на маска за лице.
Пилингот ќе ја освежи кожата и ќе ги отвори порите, така активните состојки на маската за лице полесно ќе пенетрираат во кожата.

Оваа постапка правете ја еднаш во една до две недели.

10. Внимавајте на роковите на производите кои ги користите

Рокот на траење на продуктите за убавина е обележан со причина и препорачливо е да го почитувате.
Треба да внимавате на роковите на продуктите за нега, но и на оние корективните.
Редовно проверувајте ги пудрата, маскарата, моливчето итн.

Откако ќе им помине рокот на овие продукти, им се намалува ефикасноста, а можат да ви предизвикаат и секакви иритации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *