Во последно време навистина посветено и внимателно се грижиме за повеќето делови од нашето тело.
Внимаваме на внес на здрава храна, протеини, колаген, разни суплементи, повеќе свежи намирници кои прават да изгледаме и да се чувствуваме подобро.
Жените како и секогаш внимаваат на својот изглед и внимаваат да имаат уредна коса, нокти, трепки, но сепак
многу луѓе имаат тенденција да ги занемаруваат своите стапала.
Овој проблем може да стане голем кога проблемите со стапалата значително ќе влијаат на квалитетот на животот и ќе донесат дополнителни здравствени проблеми.
Грижата за кожата на стапалата е исто така важна.
Доколку кожата на стапалата не е соодветно хидрирана, со текот на времето ќе се појават пукнатини кои може да бидат болно, но и ако не се, тие сепак дозволуваат влез на штетни бактерии.
Совети за соодветна нега:
1. Носете соодветни обувки. Избегнувајте потење на стапалата и одберете анатомски обувки за да не се создава дополнителен притисок и болки.
2. Одржувајте ги стапалата чисти и уредни.
Мијте ги стапалата секој ден, редовно кратете ги ноктите и одржувајте ги стапалата суви.
3. Доколку чувствувате умор, болки и имате отоци на стапалата, одвојте време во денот да ги одморите.
Доколку имате домашен масажер за стапала, тоа ќе Ви помогне да почувствувате леснотија на крајот на денот.
4. Бидете редовни со професионален педикир.
Професионалниот педикир не значи само естетско уредување на ноктите.
Професионалниот педикир помага да се одржува оптимално ниво на хидратација на кожата, помага и превенира враснување на ноктите и се подобрува состојбата на стапалата (се намалуваат пукнатините и оштетувањата).
Наша топла препорака салон за убавина во кој можете да закажете термин за педикир
Instagram: thespa_for_royal_experience
5. Препорачливо е на крајот на денот да ги негувате стапалата со хидратантен крем за стапала или крем со ефект на ладење за олеснувачко чувство по напорниот ден.
Во нашата е-продавница имаме голем избор на креми кои можат да Ви помогнат да ги негувате соодветно Вашите стапала:
https://artandbeauty.com.mk/product-category/product-category/нега-на-стапала/
6. Ако имате калуси, отстранувајте ги кај лекар.
Лекарот не само што ќе ви ги отстрани, туку ќе ја најде и причината за нивната појава со што ќе ви помогне да најдете долготрајно решение за проблемот.
7. Внимавајте на чорапите.
Чорапите менувајте ги бар еднаш во денот и внимавајте да се направени од природен материјал како што е памукот.
8. Доколку забележите непријатна миризба, промена на формата и бојата на ноктите и чувствувате чешање, обратете се на дерматолог.
Доколку се работи за габична инфекција користете соодветни креми за ослободување од истата.














