Секоја сезона носи нови трендови во светот на маникирот, па и зимските месеци не се исклучок.
Зимската сезона носи со себе посебна енергија,а вашите нокти можат да бидат терен за изразување на оваа магична атмосфера. Овој период, иако студен и сив, отвора врати за креативност и стил, особено кога станува збор за зимски дизајн на нокти.
Еве кои се топ 5 зимски трендови за маникир:
1. Топли и темни бои:
Изберете топли и темни бои кои потсетуваат на зима - од темнозелени, бордо, па сè до бои на сребро и злато. Овие нијанси се секогаш тренди во зимскиот период.














