Французинките се познати по својата природна убавина, опуштени со беспрекорен изглед – идеал за кој секоја дама тежнее. Но зад ова не се крие голем труд, туку едноставен и природен пристап на нега на кожата, косата и природна шминка.
Еве неколку совети од нив како без одвојување на многу време и напор, секогаш да изгледате совршено, но најважно да го задржите природниот изглед.
Хидратација
Секогаш изберете добар серум со хијалуронска киселина, кој ќе одговара на вашиот тип на кожа и секако соодветна крема.
Хидрирана кожа е клучен фактор за здрава и сјајна кожа.
Крема со заштитен фактор
Французинките не излегуваат од дома без заштитен фактор во текот на цела година.
Најчесто по нанесување на крема со заштитен фактор, со нежна контура и руменило ги истакнуваат убавите црти од нивното лице, а неизоставен дел од шминката им е црвениот кармин, кој практикуваат да е лесно нанесен и размачкан со прсти,за природен и заводлив изглед.
Внесување на многу течности во текот на денот
Пиењето доволна количина на течности и здравата исхрана се едни од клучните фактори за здрава и сјајна кожа. Најчесто практикуваат детокс вода, така ја враќаат еластичноста на кожата и одржуваат витко тело.
Лелеава коса без многу напор
Жените од Франција најчесто носат природно таласеста коса, без да вложуваат многу напор за нејзиниот изглед. Често може да ги видиме и со класична опуштена пунџа, фаворизирајќи природна боја на косата. Но важно е да се нагласи дека индивидуалниот стил има големо значење и секоја жена го претставува со посебен шарм и автентичност.
Парфем - секогаш и секаде
Можеме слободно да кажеме дека нивен заштитен знак е парфемот и е неизоставен дел од секојдневната рутина за убавина. Најчесто бираат лесни и свежи мириси кои се вклопуваат со нивниот природен изглед. Користењето на парфем за нив претставува начин на изразување на елеганција, емоции и е значаен дел од нивната уникатна автентичност.
Најважно од се е што се чувстуваат добро во својата кожа. За нив убавината пред се значи самодоверба. А нема нешто попривлечно од тоа!














