Што е розацеа и како да ја препознаеш? Розацеа е честа кожна состојба која засега милиони луѓе, може да предизвика физичка неудобност како чешање, а е резултат на брза реактивност на крвните садови кои се шират и стеснуваат на најмал стимул, како што се топлина, зачинета храна или калоричен пијалок.
Розацеата се изразува преку појава на црвенило на лицето, придружено со испукани капилари и гнојни мозолчиња. Не постои јасна причина за настанувањето на ова заболување, но дефинитивно се должи на претераната реактивност на капиларите и на зголемениот одбранбен и воспалителен одговор на кожата.
Најчесто се јавува кај жените на средна возраст, со нежен, светол тен на кожата.
На почетокот, розацеата се појавува во вид на минливо, краткотрајно црвенило на лицето. Исто така, црвенилото се појавува и при најмало возбудување и стрес, а со текот на времето, црвенилото трае подолго и најпосле, станува постојана појава на лицето.
Првата фаза може да трае неколку месеци до неколку години, со повремена појава на ситни гнојни мозолчиња и црвенило кое е последица на проширените крвни садови во кожата на лицето. Поради постојаното наизменично стегање и опуштање крвните садоци и капиларите ја губат својата еластичност и отпорност и остануваат трајно проширени.
Хидратација и внимателен избор на производи за нега на лицето
Негата на кожата склона кон розацеа треба да биде блага и хидрирачка. Треба да се користат нежни чистачи и хидрантни креми без агресивни состојки.
Исто така, неопходна е постојана заштита од сонце и постојана консултација со дерматолог или сертифициран козметичар.
Предлог основна рутина за нежна и чувствителна кожа:
Harmonie млеко за чувствителна кожа: HARMONIE – МЛЕКО ЗА ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА
Harmonie лосион за чувствителна кожа: HARMONIE – ЛОСИОН ЗА ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА
Harmonie крема за чувствителна кожа: HARMONIE КРЕМA ЗА ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА ANESI
Harmonie серум за чувствителна кожа: HARMONIE СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ ЗА ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА
Задолжително користење на крема со заштитен фактор
Розацеата може да биде предизвик, но со соодветно подготвена рутина од страна на стручно лице и придржување кон истата ќе се задржи здравата состојба на кожата. Препорачуваме секогаш да сте внимателни кога се изложувате на сонце, задолжително во текот на целата година да користите крема со заштитен фактор спф50, редовно да се обновуваат производите за заштита од сонце во текот на денот, континуирано да се користи избраната козметика и генерално фокусот да биде на поздрав начин на живот.














