Магазин за Убавина, Нега на коса, Нега на Тело, Убавина

5 најчести грешки во летната грижа за кожата

Летото е совршено за активности на отворено.
Без разлика дали сме на одмор или во секојдневието, искористувањето на топлите денови прави да сме изложени на сонце и штетните УВ зраци како и многу други агресори кои имаат штетно влијание врз нашата кожа.

Постојат 5 навидум мали навики кои доколку не ги почитуваме за време на летото имаат навистина големо влијание врз состојбата на кожата.

1. Недоволна хидратација

За одржување на соодветна хидратација на кожата потребно е да внесуваме многу вода и течности и да аплицираме продукти како хидратантни спрејови, гелови или креми.

За време на летниот период телото губи повеќе вода, па доколку не сме соодветно хидрирани и не ја хидрираме кожата редовно, ќе се појави чувство на сувост и затегнатост на кожата, перутење и зголемена видливост на фини линии и брчки.

Наш предлог производ за хидратација на кожата:

AQUA VITAL ХИДРАТАНТНА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ 50МЛ.

2. Нередовно аплицирање на заштита од сонце

Редовното аплицирање на заштитна крема значи заштита од предвремено стареење, појава на флеки и хиперпигментации и зголемен ризик од рак на кожата.

Постојат многу производи за заштита од сонце на пазарот.
Ваше е да го одберете оној кој е најсоодветен за Вашата кожа и да не заборавате да го користите секој ден.

Наш предлог производ за заштита од сонце погоден за сите типови на кожа:

Anesi Lab Daily Solar Shield SPF 30

3. Заборавате на нега на кожата по изложувањето на сонце

Вообичаена грешка е занемарувањето на негата на кожата после сончање, која вклучува нежно чистење за да се отстрани потта, остатоците од кремата за сончање и и другите нечистотии.

Потоа треба да се аплицираат производи за хидратација на кожата препорачливо збогатени со хијалуронска киселина за да се смири кожата, да се врати изгубената влажност и да се поправи секоја штета предизвикана од сонцето.

Наш предлог производ за чистење на лице збогатен со хијалуронска киселина:

ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ AQUA VITAL 190мл.

4. Пречести и преагресивни пилинзи на кожата

Прекумерната ексфолијација може да доведе до иритација, црвенило и зголемена чувствителност на сонце.

Пилинзите на лице се препорачливи да се прават еднаш во неделата.
Изберете пилинг кој не е агресивен и кој нема да ја оштети природната бариера на Вашата кожа.

Наш предлог чистач за лице кој прави нежен пилинг на кожата:

SQT Gentle Cleanser – природен чистач за лице

5. Користење на прекумерна шминка

Користење на primer, дебела подлога, коректор, пудра, камена пудра, фиксатор за шминка сигурно ќе ги затне порите и ќе ја задуши кожата.

Кога ќе се нанесе на кожата лесно навлегува во неа и влијае и на регенерација на клетките.

Препорачуваме:

FRESH MIX JELLY ВИТАМИН Б5 ПАНТЕНОЛ 20МЛ.

5. Крем со заштитен фактор

Овие кремови ја штитат кожата од сонцето, а со тоа го намалуваат ризикот од рана појава на брчки, па дури и рак на кожата.

Кремот треба да го нанесувате секојпат кога изглегувате од дома. Ако сте цел ден изложени на сонце, нанесувајте го на секои два часа.

Сигурна заштита за Вашата кожа:

LUMINOSITY ДНЕВНА КРЕМА СО SPF 20 ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ НА ФЛЕКИ И ПЕЃИ

Кремата со заштитен фактор не е само обичен козметички производ за убавина, туку нашиот сигурен сојузник во одбрана од негативните влијанија на сонцето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *