Посветената нега на кожата има навистина позитивни страни.
Изгледаме поубаво, имаме поголема самодоверба и чувство дека правиме нешто позитивно за себе.
ратка рутина за грижа за кожата во текот на денот е одличен начин да практикуваме физичка и психичка грижа за себе.
Ова се 5 продукти за соодветна грижа за кожата благодарение на кои ќе ја одржуваме мазна и сјајна.
1. Продукти за хидратација збогатени со хијалуронска киселина
Хидратантни креми, гелови, спрејови и чистачи кои се надополнети со хијалуронска киселина кои имаат за цел да ги надополнат нивоата на влажност на кожата и да ја одржуваат кожата еластична од ден на ден.
Предлог производи за хидратација:
СЕТ ЗА ХИДРАТАЦИЈА СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА (КРЕМА И ПЕНА ЗА ЛИЦЕ)
2. Серум или крем за лице збогатен со витамин Ц
Антиоксидантот Витамин Ц ја осветлува кожата, ја обновува, го изедначува нерамномерниот тен и и дава здрав изглед.
Се препорачува за сува, опуштена или кожа со црвенила.
Предлог производ збогатен со витамин Ц:
3. Ниацинамид
Ниацинамид или никотинамид e посебен облик на витамин Б3 кој со редовна употреба многу позитивно да делува на кожата.
Најчесто е познат по својата способност да го подобри изгледот на кожата и да се бори против различни проблеми како акни, црвенило, страеење на кожата.
Игра важна улога во подобрување на текстурата на кожата, намалување на појава на фини линии и брчки, како и намалување на црвенило и воспаленија.
Наша топла препорака:
4. Пантенол
Пантенолот воспоставува природна влажност, мекост и еластичност на кожата.
Може да помогне за лечење ранички или акни, спречување на појава на брчки, односно стареење и за давање младешки изглед на кожата.
Кога ќе се нанесе на кожата лесно навлегува во неа и влијае и на регенерација на клетките.
Препорачуваме:
5. Крем со заштитен фактор
Овие кремови ја штитат кожата од сонцето, а со тоа го намалуваат ризикот од рана појава на брчки, па дури и рак на кожата.
Кремот треба да го нанесувате секојпат кога изглегувате од дома. Ако сте цел ден изложени на сонце, нанесувајте го на секои два часа.
Сигурна заштита за Вашата кожа:
LUMINOSITY ДНЕВНА КРЕМА СО SPF 20 ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ НА ФЛЕКИ И ПЕЃИ
Кремата со заштитен фактор не е само обичен козметички производ за убавина, туку нашиот сигурен сојузник во одбрана од негативните влијанија на сонцето.














