TheSpa, Магазин за Убавина, Убавина

Air Brush Spray Tan во TheSpa

За време на летото, сите сакаме да уживаме во рамномерен бронзен тен на кожата бидејќи прави да се чувствуваме убави и самоуверени.

Air Brush Spray Tan ни помага да постигнеме изедначена боја на кожата со природен изглед без изложување на сонце и е одлична можност да се сокрие телото да изгледа мазно и тонирано.

Во TheSpa го добивате посакуваниот тен со само една посета.
Истиот трае 7-10 дена, избледува рамномерно без да остава флеки, со соодветна хидратација.

Боите се без парабени, без сулфати, без портокалови тонови, 100% вегански и со европски сертификат.

Третманот е одличен начин да се прикријат одредени недостатоци на кожата и да се прикрие целулитот за настани или пред плажа, правејќи го телото мазно и тонирано.

Препораки за Spray Tan:

1. Депилација, бричење и пилинг на телото се прават 48 часа пред Spray Tan третманот.

Доколку нема период од два дена помеѓу овие третмани фоликулите остануваат отворени и бронзерот ќе се смести во нерамнините на кожата и ќе создаде темно кафени точки на кожата.

2.Не нанесувајте никаков лосион, дезодоранс, крема на лице или шминка пред самиот третман.

3. По третманот може да се облечете веднаш, но носете широка облека за да избегнете потење или триење што може да го спречи тенот убаво да се развие.

4. Останете во широка облека до времето за туширање. Обично треба да почекате 8 часа и потоа да се истуширате со млака вода.

5. За поголема долготрајност на тенот избегнувајте пилинзи на телото и груби средства за миење.

6. Хидрирајте ја кожата секој ден и уживајте во нејзиниот бронзен изглед.

Закажете го Вашиот термин на:

071 353 390

Instagram:

thespa_for_royal_experience

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *