THE SPA е место во градот кое е создадено за богато искуство, тивко бегство од динамичното секојдневие и нуди уникатно луксузно разгалување .
Во ова прекрасно катче ве дочекуваме со топол пијалок, шампањ или мартини за релаксација, а потоа нашиот врвно обучен професионален тим со своето знаење и стручност ќе Ви помогне во постигнување на баланс, редуцирање на стресот, подобрување на здравјето и доживување на вистинско луксузно искуство.
Во овој салон за убавина можете да уживате во внимателно одбрани третмани наменети за нега, третмани за лице, мезотерапија, хемиски пилинзи, микродермоабразија, третмани за слабеење, секаков вид на масажи изведени од врвно обучен кадар, во исклучително релаксирачка атмосфера.
Една од работите кои го прави овој салон за убавина посебен е тоа што единствено тука се изведуваат третмани на лице со најновата камера – анализатор на кожата која врши прецизна дијагностика за типот на нега која и е потребна на кожата. Анализата е вклучена со секој третман на лице, а според добиените резултати, кожата соодветно се третира и негува.
Во TheSPA можете да најдете третман за Вас или да подарите третман со Gift Voucher. Третманот THE SPA LUXURY PROTOCOL според протоколите на TheSpa е вистинско луксузно разгалување за опуштање и нега кое можете да си го подарите себе или на некој кој Ви е драг.
- Исто така, единствено во TheSpa можете да уживате во третманите – ЛИПОМОДЕЛИРАЊЕ по патентирана метода на Рената Франк.
Обликување на телото со специфично масирање на ткивото со цел зголемување и подобрување на циркулацијата и ослободување од токсините.
Резултати видливи веднаш по првиот третмансо специфична рачна масажа со брзи и цврсти движења со помош на кои се подобрува контурата и формата на телото со преместување на мастите на посакуваните места.
Се добива прекрасна, заоблена силуета, го стимулира лимфниот систем со што телото се ослободува од токсини, го зголемува количеството на кислород во ткивата и се подобрува целокупниот изглед и состојба на телото.
Топла препорака е и речиси безболната СПА депилација која се изведува по точно утврден протокол на светскиот бренд за восоци Depileve со кој се постигнува речиси безболна депилација, нега на кожата пред за време и по депилацијата, намалување на растот на влакната и елиминирање на поткожните влакна.
Третмани кои се апсолутен фаворит на клиентите се мезотерапија со Dermapen и хемиски пилинзи,а се користат производи од најдобриот светски бренд во оваа област – Mesoestetic.
Третманите ги изведува сертифициран тренер од Mesoestetic Academу за Македонија.
Целата понуда на третмани во овој салон можете да ја најдете на следниот линк.
Понуда на третмани
Инстаграм профил доколку сакате да го следите овој салон и сите новитети:
Доколку сакате да закажете термин во TheSpa – 071 353 390
Уживајте во времето одвоено за себе.














