2024-ра година е една од поважните години за брендот Depileve.
Овој бренд прославува 52 години постоење и во своето постоење успева да се запише како најдобриот светски бренд за восоци во светот.
Depilève – Therapists Favourite Wax
Зошто е тоа така?
Бидејќи во 1972 година го креираат ПРВИОТ восок за депилирање, во 1920 година ги креираат првите производи за депилирање, во 2003 година го креираат првиот филм восок и бележат уште многу иновации кои прават депилацијата да биде вистински професионален третман за нега доколку се почитуваат сите протоколи.
Само во Школа за убавина Арт – Првата и единствена школа за козметичари и естетичари во Македонија имате можност да посетите обука за депилација на која се изучуваат сите протоколи за професионален третман од Depileve академијата за депилација.
Обуката за депилација и академијата за депилација Depilève во склоп на школата Ви овозможува да се стекнете со непроценливо знаење, но и да ги подобрувате и усовршувате Вашите вештини и да станете подобар и поефикасен козметичар.
За време на обуката се изучува постигнување на речиси безболна депилација, нега на кожата пред, за време и по депилацијата, филм депилација, депилација на лице, депилација на интима и депилација со восоци кои имаат дополнителни бенефити и кои ја третираат кожата (antiage, хидратација, восоци за сензитивна кожа итн)
Се обучувате како да ја одржувате хигиената на максимално ниво, како да се избегнат иритации и како се користат сите иновации на овој бренд за постигнување на кожа без поткожни влакна, забавување на растот на влакната и правилно користење на препарати кои се одлична замена за ласерското – трајно отстранување на влакна.
По обуката, добивате сертификат од Школа за убавина Арт, сертификат од Depileve академијата и постојан попуст за понатамошна набавка на материјали.
Секако, голем број од производите на овој бренд можете да ги најдете во нашата е-продавница.
Сите информации во врска со оваа обука можете да ги видите на следниот линк:














