Единствено место на кое можете да ги најдете сите врвни брендови во областа на убавината, коса и естетиката собрани заедно на едно место.
Овој пат тоа е во Скопје, во хотелот Александар Палас од 15ти до 17ти МАРТ.
Ова случување се одржува по втор пат во Македонија.
Првиот саем кој се одржа во хотел Лимак со над 40 изложувачи – светски професионални брендови кои се покажаа во одлично светло, а имаше посетеност од над 3500 луќе кои сведочеа за многу позитивни импресии од ваквото случување.
Изложувачите на овој саем успеваат успешно да ја доближат нивната визија до своите купувачи и соодветно да ги презентираат својот бренд и своите производи. Имаат можност да остварат продажба, да се запознаат со своите купувачи, да се здобијат со нови бројни клиенти и нови можности.
Самиот саем нуди одлична можност да се истакнат силните страни на секој професионален бренд и компанија која будно ги прати трендовите и новитетите во beauty индустријата.
Посетителите на саемот имаат можност да се запознаат со сите новитети на пазарот и beauty индустријата согласно 2023 година, можност за следење на Public spot едукативни презентации, набавување на производи по промотивни саемски цени и да уживаат во богата едукативна и забавна програма.
Ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.
Овој одлично организиран настан не е наменет само за козметичари и оние кои работат во оваа област, туку за секоја девојка или жена која сака да набави професионални производи за домашна нега по големи саемски попусти.
Влезниците за саемот ќе бидат достпни online еден месец пред почетокот, но истите ќе имате можност и да ги набавите на самиот влез.
Нашата beauty платформа ќе биде дел од изложувачите на саемот и на наше големо задоволство, сите дополнителни информации и објави поврзани со изложувачите, влезниците и сл. ќе можете да ги следите тука Саем за козметика.
Наша топла препорака е да не го пропуштите ова случување за кое сме сигурни дека ќе успее да ги надмине Вашите очекувања.
Следете не на Инстаграм:














